Tuesday, 07 November 2017 11:48 Фудбал

Македонија | Тешко е да се настапува на повеќе фронтови, Јаневски се реши да ги одмори вардаровите фудбалери...



Клупскиот сајт на македонскиот првак Вардар објави дека стратегот од клупата на црвено-црните, Чедомир Јаневски им даде малку одмор на фудбалерите.

Така, поради репрезентативната пауза, а воедно и тоа што претстојниот викенд ќе нема првенствени натпревари, вардаровите фудбалери добија два слободни дена.

Тренажниот процес за црвено-црните продолжува во среда, а вон комбинација ќе бидат оние со репрезентативни обврски, кои ги има во поголем број.

Велковски, Муслиу и Николов се повикани во сениорскиот состав на Македонија за контролката со Норвешка во сабота, Џигаури е повикан за Грузија, додека пак Барсегјан и Хамбарѕумјан за Ерменија.

За младата селекција на Македонија до 21 година повик добија Петковски и Исени, додека пак онаа помладата до 19 години повикани се Стојчевски, Тодоровски и Колевски.

Вардар беше во резултатска криза откако после цели пет меча во сите конкуренции успеа да обезбеди победа, и тоа против Скопје од 3-0 во 14. Рунда натпревари од Првата лига на Македонија. Со два натпревари помалку, црвено-црните заостануваат 11 бода зад лидерот во домашниот шампионат Шкендија.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...