Thursday, 19 October 2017 17:37 Фудбал

Англија | Жозе Мурињо често знае да прокоментира за некој иако не е пред директен дуел со него, така беше и синоќа, овој пат негова мета беше Антонио Конте...



Португалецот зборуваше за повредените фудбалери во неговиот состав откако и Рашфорд синоќа заработи повреда.

Мурињо е без Погба, Ибрахимовиќ, Фелаини, Рохо, а на оваа листа од вчера е додаден и Рашфорд за кого уште не е јасно колку време ќе биде надвор од теренот.

И покрај повредите, Мурињо рече дека тој нема да плаче поради таквата ситуација за разлика од другите тренери. Медиумите веруваат дека тој алудира на Антонио Конте кој неодамна се жалеше поради повредените играчи.

„Другите тренери плачат и плачат и плачат, јас не плачам“ - вели Мурињо.

„Треба да ги игнорирате повредените фудбалери и да им дадете самодоверба на оние кои можат да играат“.

„Јас сум без Ибрахимовиќ, Погба, Фелаини, Рохо, можам да плачам, па не го правам тоа, играме со тоа што го имаме“.

Потоа англиските медиуми го запрашаа Антонио Конте што мисли за изјавата на Мурињо.

„Мислите дека тоа беше за мене? Доколку зборувал за мене, мислам дека треба повеќе да размислува за својот тим, да почне да си гледа за себе, а не за другите“ - вели Конте.

„Мислам дека многу пати Мурињо бил фокусиран на тоа што се случува во Челси. Минатата сезона тоа често беше случај. Треба да мисли за својот тим“.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...