Thursday, 17 August 2017 10:10 Фудбал

Македонија | Вечерва со почеток од 20 часот Вардар го започнува двобојот со Фенербахче во плејофот од Лига Европа, македонскиот шампион има втора шанса за европска есен...



Вардар вечерва со нов тренер по иста цел. Откако не успеа преку Копенхаген, „црвено-црните“ ќе пробаат по потешкиот пат, треба да го елиминираат Фенербахче за да направат историски успех и да се пласираат во групната фаза од Лига Европа.

Вардарци овој пат ќе играат по нотите на Чеде Јаневски. Новиот тренер на Вардар имаше само два тренинзи со тимот, недоволно за да направи поголема промена, но доволно за да го крене тимот психолошки и да му ја даде енергијата која му е потребна.

„Немав долго време да работам со тимот но не барам оправудвање. Прифатив да бидам тренер на овој тим и изговори нема, знам дел од фудбалерите, со некои сум работел, гледав неколку натпревари. Во живо го гледав мечот со Динамо во минатата сезона, нема многу разлики во составот од тогаш. Сакам да ги вметнам моите замисли, но не значи дека ќе има некои коренети промени на почетокот, направивме анализа и на противникот. Ова е уникатна можност на Вардар да испише историја и да се квалификува во групната фаза. потребна ни е умешност и мудрост за да се совлада овој силен тим на Фенербахче“ - вели Чеде Јаневски.

Синоќа на последниот тренинг на Вардар продефилираа и легендите како Дарко Панчев, Андон Дончевски, Илија Најдовски кои му посакаа среќа на Чедомир Јаневски. Нивното присуство треба само да го зголеми мотивот кај вардаровите момци во пресрет на вечерашниот натпревар.

Капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров смета дека тренерската смена може да има големо психолошко влијание врз тимот.

„По поразот од Копенхаген бевме скршени, сите паднавме психолошки. Тренерската смена може да има позитивен шок, да го крене тимот на тој психолошки момент. Утре треба да одиграме офанзивно, знаеме кој е Фенербахче, но треба да го нападнеме, треба да постигнеме гол и да победиме ако сакаме да се пласираме во групната фаза од Лига Европа“ - вели Грнчаров.

Вардар е исправен пред тешка задача, Фенербахче е еден од најсилните противници кои ќе истрчаат на „Телеком Арената“. Минатата сезона групната фаза од Лига Европа ја завршија пред шампионот Манчестер јунајтед, тоа доволно говори за нивната сила.

Вечерва „Телеком Арената“ ќе биде полна, поддршка од трибините ќе имаат и двата тима, ќе има турски и вардарови навивачи. Атмосферата ќе биде како ретко кога, фудбалерите на Вардар треба да го одиграат мечот на своите кариери, а ако тука падне Фенербахче, во реваншот се може да се случи.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...