Monday, 14 August 2017 18:51 Фудбал

Македонија | Бразилскиот напаѓач, Итало Хозе Оливеира дос Сантош е новото засилување во офанзивата на Вардар, тој стави потпис на едногодишен договор...



Вардар брзо ја најде замената за Балотели, потпиша со бразилскиот напаѓач Итало кој на трансфер пазарот вреди еден милион евра.

29-годишниот фудбалер доаѓа од Клуб де Регатас од Бразил и стави потпис на едногодишен договор со Вардар.

„Многу сум среќен сум што дојдов во Вардар и овој клуб за мене претставува нов предизвик во кариерата. Верувам дека брзо ќе се прилагодам на екипата и со нетрпение чекам да заиграм со моите нови соиграчи. Сега е на мене да почнам да тренирам со мојот нов тим и што побрзо да се подготвам за сезоната и да ги оправдам очекувањата од клубот. Пред да дојдам тука научив дека дека Вардар е најтрофејниот македонски тим и дека е три пати по ред шампион. Се надевам дека и во оваа сезона Вардар ќе успеее да ја одбрани титулата и повторно да биде шампион и да игра во Лигата на шампионите следната сезона. Исто така знам дека екипата игра во плеј-офот во Лигата на Европа против Фенербахче и се надевам дека Вардар ќе излезе како победник и ќе успее да помине во групната фаза“, порача новиот играч на „црвено-црните“ - изјави Итало за официјалниот сајт на Вардар.

Меѓу клубовите за кои Итало настапувал во својата кариера се и бразилските големци, Интернационал и Сао Паоло, а играл и за Маритимо од Португалија.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...