Friday, 28 May 2010 19:41 Фудбал

Шпанија Реал Мадрид потврди дека Жозе Мурињо и официјално е нов тренер откако Флорентино Перез постигна договор со Масимо Морати

Реал Мадрид уште пред неколку дена потврди дека Жозе Мурињо ќе биде нивниот нов тренер и Португалецот требаше само да се ослободи од договорот со Интер, кој е во трајност до 2012.

Мурињо и неговиот во изминатите два дена беа во преговори со управата на Интер но не успеаа да се договорот за прекин на соработката – Мурињо бараше да биде ослободен од договорот поради тоа што триумфираше во Лигата на Шампионите, додека пак Интер инситираше да добие 16 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула.

Поради тоа што преговорите беа блокирани, денеска во Милано пристигна претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој за краток период успеа да постигне согласност со својот колега, Масимо Морати.

Медиумите од Шпанија велат дека Реал Мадрид за слободата на Мурињо ќе плати 8 милиони евра, двојно помалку од она што Интер бараше.

Но Медиумите од Италија говорат дека Интер сега ќе добие 10 милиони евра за раскинување на договорот на Мурињо и уште додатни 6 милиони евра кои ќе бидат платени во иднина во разни форми, вклучувајќи и трансферира на играчи.

Двата клуба на своите официјални страни потврдија дека е постигната согласност по што Реал Мадрид соопшти дека Жозе Мурињо и официјално е нивниот нов тренер а Интер му се заблагодари на ’Специјалниот’ за историскиот успехот што им го донесе.

Мурињо ќе биде презентиран како нов тренер на Реал Мадрид во понеделник.

Соопштението на Реал Мадрид гласеше: “Реал Мадрид и Интер денеска постигнаа договор за Жозе Мурињо да стане новиот тренер на Реал Мадрид. Договорот беше постигнат ова попладне откако во Милано се сретнаа претседателот на Интер, Масимо Морати и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Состанкот беше одбележан од пријателскиот однос и соробатката што продолжува помеѓу двете институции.”

“Жозе Мурињо ќе биде презентиран како нов тренер на Реал Мадрид во понеделник, 31 мај во 13:00 часот во Кралската Ложа на Сантијаго Бернабе.”

Соопштението на Интер за постигнататата согласност со Реал Мадрид гласеше: “Претседателот Масимо Морати попладнево се сретна со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.”

“Во духот на многу добриот и конструктивен пријателски однос што постои помеѓу двата клуба, беше постигната согласност за клаузулата од договорот на Жозе Мурињо со која стратегот се здобива со слобода.”

“Беше точно дефинирано времето и начинот на кој договорот помеѓу двата клуба во целост ќе се одработи.”

“Масимо Морати му се заблагодарува на Флорентино Перез за неговата желба да допатува во Милано за да се постигне договор, што уште еднаш го потврдува силниот однос помеѓу двата престижни клуба”

Интер исто така испрати и соопштение во кои му се заблагодарува на Жозе Мурињо за успехот што му го донесе на клубот.

“Претседателот Масимо Морати и Интер му се заблагодаруваат на Жозе Мурињо и неговиот тренерски персонал за работата во двете успешни години, со кои потврдивме дека клубот е најдобар во Италија (две Скудета, еден трофеј од Италијанскиот Куп и еден трофеј од Италијанскиот Супер Куп) и конечно станавме шампиони на Европа преку триумф во Лигата на Шампионите.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...