Tuesday, 08 August 2017 10:36 Фудбал

Македонија | Аријан Адеми се враќа на фудбалските терени по пауза од 22 месеци, „Јутарњи“ со ексклузивно интервју со македонскиот фудбалер кој денес се враќа на тренинзите на Динамо Загреб...



26 годишниот фудбалер од средниот ред на хрватскиот вицепрвак Динамо Загреб, Аријан Адеми ја мина казната поради паѓањето на допинг тест.

Од тоа што можевме да го следиме изминатите неколку месеци, очигледно дека Адеми е и повеќе од подготвен за враќање на фудбалските терени, за тоа говори и специјалното издание на „Јутарњи“ пред извесен период во кое негов близок пријател откри неколку факти за тоа како се подготвувал нашиот фудбалер.

Истиот медиум денес излезе со ексклузивно интервју со нашиот фудбалер, кој иако најави дека нема да дава никакви изјави пред да се врати на тренинзите на тимот од Загреб, сепак се отвори за јавноста на денот на враќањето во тимот.

„Кога го видовме како излегува од својот автомобил, инстиктивно се насмеавме. Се присетивме на тоа како своевремено строгиот Вахид Халилхоџиќ сакаше да го прати во Локомотива поради вишокот на масни ткива. Да го види денес, веројатно не би го препознал...“ пишува хрватскиот медиум мислејќи на периодот кога поранешниот тренер на Динамо Загреб му замеруваше на нашиот Адеми поради вишокот килограми.

„На прв поглед Аријан делува како да пука од сила, имате чувство како да само чека некој да го катапултира на теренот, да го пушти од ланци, а он да го направи останатото...“ додава „Јутарњи“.

„Како се чувствувам? Ги бројам деновите, само чекам да дојде првиот тренинг, како се приближува тој ден, така сум се понестрплив. Како го замислувам првиот тренинг? Само сакам да излезам на терен и да тренирам со соиграчите, ништо повеќе...“ вели Адеми.

Нашиот фудбалер имаше голема поддршка од македонската спортска јавност, лично селекторот Игор Ангеловски имаше средба со него и му укажуваше поддршка, Адеми притоа го посети и кампот на нашата селекција во Хрватска своевремено, а дека не му било сеедно сиот овој период говореше и изјавата на неговиот братучед, Агим Ибраими кој откри дека не бил истиот тој кој го познавал.

Сепак, Адеми не сакаше да открие како ја направил потребната разлика во килограмите сиот овој период, рече дека на првиот тренинг ќе има можност да ја увиди реалната состојба во која се наоѓа на физички план.

„Постојано спортував, играв тенис, почнав и со кик-бокс... Играш еден, па друг спорт и така, физички се обидов да бидам подготвен максимално. Откако ја добив суспензијата, почнав со сериозни тренинзи, го исфрлив тенисот и целосно се посветив на кик-боксот, работев дополнително на физичката подготвеност, на превенција од повреди, затоа сум голем оптимист...“ вели Адеми.

„Изгубив две години од мојата кариера, можеби најубавиот период за еден фудбалер, тоа никој не може да ми го врати. Меѓутоа, се обидувам да не размислувам повеќе на тоа, бидејќи тоа убива... Гледам само во иднината. Фудбалски изгубив многу, но мислам дека во главата ќе имам чисти мисли, ме задоволуваа некои други работи во животот во тој период, научив многу. Најмногу напредував психички, се што не ме уби, не направи посилен. Запознав нови луѓе, нови пријатели, созреав како личност и на крајот тоа е најголемата добивка“ додава нашиот фудбалер.

Адеми не обвинува никого за тоа што му се случило, велејќи дека така сакала судбината, го минал најтешкиот период во животот а притоа испрати порака до сите луѓе да не се предаваат кога е најтешко, да ги следат своите сништа бидејќи истите еден ден ќе им се остварат.

Фудбалерот од средниот ред се осврна и на ланската сезона, говореше на кратко за Ријека и за тоа дали Динамо е ист како претходно.

„Динамо можеби е навистина слаб во однос на минатиот период, но не до толку слаб, едноставно, Ријека беше добра и затоа ја освои титулата, но тоа ќе се промени, Ријека игра и натаму добро, видовме сите четири клуба од Хрватска имаа фантастични настапи во Европа, првенството на Хрватска станува се посилно, но верувам дека Динамо повторно ќе го подигне шампионскиот пехар“ вели Адеми.

Адеми открива дека максимално ја почитувал казната која му била препишана, па така не ни одел на натпреварите на Динамо на трибините, туку истите ги гледал пред на телевизија.

Адеми беше суспендиран најнапред на четири години од страна на Арбитражниот суд во Лозана, но по жалбата која беше испратена, нашиот фудбалер доби намалување на казната на две години.

Вреди да се издвои и фактот што Динамо Загреб се покажа во манирите на голем клуб, тимот од Загреб одлучи да не го раскине договорот со Адеми, ниту пак да му ја скрати неговата годишна плата (која изнесува околу 450,000 евра).

„Динамо застана зад мене, ме плаќаше постојано и затоа не можам да си дозволам да отидам во клубот неподготвен, доколку не верував дека ќе се вратам, денес сигурно би дошол неподготвен, верував и се исплатеше!“ истакна Адеми.

Хрватскиот медиум притоа во самото интервју побара поддршка за нашиот фудбалер кој денес ќе го има првиот тренинг со Динамо Загреб по подолг период. Од хрватскиот вицепрвак по тој повод ги повикаа сите навивачи да му искажат поддршка и да му докажат колку тој значи за „Модрите“.

Како за потсетување, суспензијата за Адеми започна откако по мечот со Арсенал во Лигата на шампионите падна на допинг тестот, па следеа навреди и понижувања од францускиот стратег Арсен Венгер во однос на оваа тема.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...