Saturday, 24 June 2017 06:40 Фудбал

Македонија | Избраниците на Благоја Милевски достојно се простија од Европското првенство во Полска, пораз од силната и амбициозна Португалија со 3-2 во последното коло од групната фаза...



Македонија загуби со 4-2 од Португалија во третото и последно коло од групата „Б“ на Европското првенство во Полска за фудбалери до 21 година. По првите 45 минути игра, резултатот на мечот во Гдиња гласеше 2-1 за победничкиот табор.

Почетната фаза на првиот дел не даваше некоја надеж за добар исход на мечот во Гдиња, Португалија со два гола во серија, најнапред на Едгар Ле во 2. минута, потоа и на Брума во 22. минута дојде до предност од 2-0.Она што остави впечаток од оваа фаза на мечот беше десната страна која имаше големи проблеми како да се справи со налетите на противникот, таму шанса за деби на турнирот во Полска доби Попзлатанов.

Сепак, селекторот Милевски веднаш реагираше и во игра го внесе Муслиу во 28. минута, од игра излезе Радески.

Голот за надеж за подобар втор дел на мечот дојде по мајсторијата на Барди во 41. минута, по еден одличен удар, нашиот репрезентативец намали на 2-1 со што го постави конечниот резултат по првите 45 минути игра. Славјето на Енис Барди низ објективот на „УЕФА“, нашиот репрезентативец против Португалија го постигна вториот погодок на турнирот во Полска, по оној против Србија.

Поденсе во 57. минута за момент навести дека Португалија и дефинитивно јуриша на поголема разлика во победата со оглед на тоа што го брка првото место на табелата на најдобро второпласираните селекции од групите за пласман во полуфиналето од турнирот во Полска. Нашиот противник го искористи невниманието во нашата одбрана и поведе со 3-1.
Текот на играта по влегувањето на Елмас и Маркоски целосно се промени на позитивен план во нашата селекција, па така вториот во 80. минута на довербата на Милевски возврати со погодок за 3-2, со што целосно се поматија сметките на Португалија. Дуото учествуваше во овој гол, Елмас со асистенција, Маркоски со реализација. Брума во 90. минута зголеми на 4-2 но тоа беше се што Португалија направи на овој меч, изостана победа со поголема разлика, за одбележување е тоа што нововлезениот Жота во 90. минута доби директен црвен картон.

Македонија: Шишковски, Попзлатанов, Зајков (капитен), Барди, Николов, Радески (Муслиу 28'), Бабунски (74'), Бејтулаи, Ангелов (Елмас 57’), Мурати и Ѓорѓев.

Португалија: Варела, Кансело, Едгар, Фигуиредо (капитен), Невес, Поденсе (Жота 70'), Пасиенсиа, Медеирош, Ребохо (Родригез 17’), Санчез (Хорта 55’) и Брума.

По денешните два натпревари, Шпанија од нашата група како првопласирана избори место во полуфиналето на турнирот во Полска, додека Португалија не успеа да влезе во таа фаза како најдобро второпласирана од сите групи, бидејќи на таа позиција се најде Словачка, поради подобрата гол-разлика.

Резултати, трето коло, група „Б“:

Србија – Шпанија 0:1 (0:1)

Македонија – Португалија 2:4 (1:2)

Табела:

1. Шпанија 9

2. Португалија 6

3. Србија 1

4. Македонија 1

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...