Friday, 09 June 2017 20:19 Фудбал

Шпанија | Шпанскиот спортски весник „Марка“ прогнозира дека Кристијано Роналдо нема да биде дел од спектаклот во Скопје каде во Суперкупот на УЕФА ќе играат Реал Мадрид и Манчестер јунајтед...



Според „Марка“ тајната за успехот на Кристијано Роналдо е барем еден месец да има одмор по последниот натпревар од сезоната.

Португалија ќе игра во Купот на Конфедерациите, и доколку стигне до финалето последниот натпревар на Кристијано Роналдо ќе биде на 2. јули.

Поради тоа, весникот прогнозира дека Роналдо ќе ги пропушти подготовките на Реал Мадрид во САД и ќе почне да тренира на 2. август.

И покрај тоа што дуелот од Суперкупот на УЕФА за него би бил посебно емотивен поради тоа што ќе игра против неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед, „Марка“ смета дека и 8. август е прерано за негов прв меч, па ќе го пропушти и него.

Прогнозите велат дека прв натпревар на Роналдо во новата сезона ќе биде Суперкупот на Шпанија против Барселона.

Но, ова е само мислење на шпанскиот весник , што не значи дека Роналдо сигурно нема да истрча на „Филип Втори“ Арената во Скопје.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...