Италија | Капитенот на Рома, Фаранческо Тоти синоќа го одигра последниот меч во дресот на „римската волчица“, разделбата беше со огромни емоции како што и се очекуваше од големиот фудбалер...
Франческо Тоти и го посвети животот на Рома, целата кариера ја помина во истиот дрес и заминува како вистинска легенда.
„Тука сме, дојде моментот. За жал моментот за кој се надевав дека никогаш нема да дојде, е тука“ - го почна Тоти своето обраќање.
„Во изминатите неколку дена беа кажани премногу работи за мене, прекрасни работи. Бевте зад мене, ме туркавте во тешките периоди и затоа сакам да ви кажам благодарам на сите“.
„Плачев сам, како луд! Не можете туку така да ги заборавите тие 25 години. Им благодарам на сите, ова не е лесно за мене. Зборував со мојата сопруга за тоа какви беа овие години“.
„Им благодарам на мојата мајка и татко, мојот брат, фамилијата и пријателите. Благодарам за мојата сопруга и трите деца. Сакав да почнам од тука, бидејќи не бев сигурен дали ќе можам до крај да го прочитам писмото“.
„Невозможно е да се објаснат 28 години во неколку фрази. Сакав да го направам тоа со песна или поема, но не сум добар во тоа. Се обидов да се искажам себеси преку моите нозе, бидејќи на тој начин се ми изгледа полесно“.
„Дали знаете која ми беше омилена играчка кога бев мал? Фудбалот! и Се уште ми е. Но сега треба да созреам. Така ми рекоа, сега е време да донесам одлука“.
„Проклето време! Истото кое на 17 јуни 2001 година сакавме да оди побрзо. Не можев да дочекам судијата да свирне три пати и се уште ме лазат морници поради тоа“.
„Сега времето ме потапка по рамо и ми рече дека треба да пораснам. Ми рече, од утре треба да бидеш возрасен. Соблечи го дресот и копачките, од денес си маж и не можеш веќе да ја мирисаш тревата, да го чувствуваш сонцето во твоето лице, адреналинот, задоволството на прославата“.
„Се прашував себеси изминатите месеци зошто се будам од овој сон. Знаете кога сте дете и кога сонувате нешто прекрасно додека мајка ви не ве разбуди за училиште? Се обидувате повторно да заспието, но никогаш не се враќате во истоиот сон. Магијата е срушена“.
„Овој пат не сонувам, реално е. Сакам да го посветам ова писмо на сите деца кои навиваат за мене, за оние кои пораснаа со мене и станаа татковци“.
„Сакам да размислувам за мојата кариера како на бајка и ова е најлошиот дел. Сега навистина е готово. Го соблекувам дресот за последен пад. Ќе го здиплам убаво, иако не сум подготвен да кажам дека е готово а можеби и никогаш нема да бидам“.
„Простете што во овој париод не давав интервјуа и не ги искажував мислите, но не е лесно да го изгасиш светлото. Сега се плашам. Тоа не е истиот страв кога сте пред голот и треба да погодите пенал. Овој пат не можам низ дупките од мрежата да видам што има понатаму“.
„Па дозволете ми да бидам малку исплашен. Овој пат јас сум оној на кој му требате. Она што ми го покажувавте секогаш. Со вашата љубов сигурно ќе можам да свртам нов лист и да се впуштам во нова авантура“.
„Сега е моментот да им се заблагодарам на моите соиграчи, тренери, директори, претседатели, на сите кои работеа покрај мене овие години. Фановите, навивачката група, Римјаните и Романистите“.
„Да се родиш Римјанин и Романист е привилегија. Да се биде капитен на овој тим е чест. Вие сте и секогаш ќе бидете во мојот живот. Можеби нема да бидам веќе во можност да се забавувам со моите нозе, но моето срце секогаш ќе биде со вас“.
„Сега одам долу по скалите, ќе влезам во соблекувалната каде бев пречекан како дете и ќе заминам како маж“.
„Среќен сум и горд дека 28 години од мојот живот го дадов на Рома. Те сакам!“.
Извор: 24FUDBAL.com.mk