Friday, 19 May 2017 10:19 Фудбал

Италија | Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио открива дека во тимот нема единство како што имало порано, сега играчите се поделени во кланови и повеќе размислуваат за себе отколку за групата...



Интер игра уште една сезона за заборав, Нероазурите имаа лош старт и лош финиш на сезоната. Подготовките ги почнаа со Роберто Манчини, па дојде Фрак де Бур кој доби отказ во ноември, следуваше Пиоли, но и тој не остана до крај.

Пјеро Аусилио вели дека играчите се однесуваат професионално, но ја нема таа кохезија која била одлика на Интер во минатото.

„Јувентус сега е силен, но ќе видиме како ќе изгледаат откако ќе ги загубат тие четири или пет играчи кои им даваат структура, карактер и менталитет. Тоа не можете да го купите на пазарот“ - вели Аусилио.

„Кога губите некој од Хавиер Занети, Естебан Камбијасо, Диего Милито или Волтер Саумел, губите играчи кои поминале и лоши времиња и знаат што е успех“.

„Не се работи за тоа дека фудбалерите не тренираат напорно во Интер. Ние сме таму секој ден. Нема сенс за солидарност, не се способни да креираат група поради различните години, минато, етничка припадност, но исто така и поради карактерите и човечките вредности“.

„Тоа не се лоши момци, доаѓаат наутро, имаат заеднички појадок, тренинг, пауза за ручек. Не можеш да се пожалиш. Но нема една голема група која покажува солидарност. Тимот е разделен на мали групи и многу од играчите размислуваат само за себеси. Нема колектив како што имаше во минатото“.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...