Thursday, 20 May 2010 18:34 Фудбал

СП 2010 Селекторот на Шпанија, Висенте Дел Боске го објави конечниот список од 23 фудбали кои ќе патуваат за Јужна Африка

Весенте Дел Боске иако имаше време до 1 јуни да се одлучи кои играчи од провизорниот тим од 30 фудбалери ќе бидат изоставени реши уште сега да го објави конечниот список на фудбалери кои ќе патуваат за Јужна Африка

Во составот на Дел Боске се најдоа и повредените Цеск Фабрегас и Фернандо Торес, кои сеуште работат со лекарскиот тим и не се знае кога точно ќе се вратат на терените.

“За нив имаме подготвено добра рехабилитациона програма.” – рече Дел Боске. “Сите инвормации што ги имаме се позитивно и тие би требало да бидат 100% фит за првенството.”

Виктор Валдес, кој сеуште нема дебитирано за селекцијата на Шпанија ќе биде третиот голман на Црвената Фурија на мондијалот.

Неговиот согирач од Барселона, Педро Родригез доби одлична награда за изворедната сезона и се најде на конечниот список.

Во споредба со составот што пред две години го освои Европското Првенство, Дел Боске не смета на дуото од Виљареал, Маркос Сена и Санти Казорла.

Од селекцијата извиси и напаѓачот на Фенербахче Дани Гуиза како и напаѓачот на Севиља, Алаваро Негредо а шанса доби 21 годишниот играч од средниот ред на Атлетик Билбао, Хави Мартинез.

Конечниот состав од 23 фудбалери на Шпанија:

Голмани: Икер Касиљас (Реал Мадрид), Пепе Рејна (Ливерпул), Виктор Валдес (Барселона)

Одбрана: Раул Албиол (Реал Мадрид), Алваро Арбелоа (Рел Мадрид), Хоан Капдевила (Виљареал), Карлос Марчена (Валенсија), Жерард Пике (Барселона), Карлес Пујол (Барселона), Серхио Рамос (Реал Мадрид).

Среден ред: Чаби Алонсо (Реал Мадрид), Серхио Бускетс (Барселона), Цеск Фабрегас (Арсенал), Андрес Ињеста (Барселона), Хави Мартинез (Атлетик Билбао), Давид Силва (Валенсија), Чави (Барселона), Хесус Навас (Севиља), Хуан Мата (Валенсија)

Напад: Педро Родригез (Барселона), Фернандо Љоренте (Атлетик Билбао), Фернандо Торес (Ливерпул), Давид Виља (Барселона).

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...