Tuesday, 18 May 2010 18:20 Фудбал

Италија Македонскиот интернационалец, Горан Пандев вели дека е среќен што по шестте тешки месеци со Лацио сега ужива одлични шест месеци во Интер

Пандев кон крајот на минатата година по судски пат доби раскин на договорот со Лацио откако Клаудио Лотито го ’замрзна’ македонскиот интернационалец на Олимпико поради желбата на напаѓачот да направи трансфер и да не ја продолжи верноста.

Во јануари тој му се приклучи на тимот на Интер и веднаш се етаблираше како еден од клучните играчи на Жозе Мурињо.

Откако Нероаѕурите со победата на Сиена во неделата го одбранија Скудетото, избраниците на ’Специјалниот’ сега во сабота ќе имаат можност да направат историја со освојување на тројната круна.

Во пресрет на финалето од Лигата на Шампионите и дуелот со Баерн Минхен, Горан Пандев разговараше со ТВ каналот на Интер.

“Ова е прв пат окако јас сум во Интер да гледам толку многу новинари во нашиот тренинг центар.” – рече Пандев.

“Дури ни оние малку тренинг сесии што беа отворени за новинарите не можат да се споредат.”

“Но и вака е добро. Успеваме да тренираме смирено. Среќни сме и со нетрпение го чекаме дуелот во сабота.”

“Можеби сеуште целосно не разбирам каде сигнавме но сум многу среќен и се надевам дека ќе влезам во историјата на Интер по натпреварот со Баерн Минхен.”

“Поминав шест тешки месеци во Лацио и се преселив во силен тим. Не можаев да замислам дека ќе бидам толку среќен. Можам само да им се заблагодарам на соиграчите и тренерскиот персонал за нивната помош.”

По дуелот со Барселона, на Џузепе Меаца во полу-финалето од Лигата на Шампионите, Пандев се мачи со повреда и добива мала миутажа на последните натпревари.

“Претходно се мачев со ситна повреда но сега се е во ред. Тренирам добро и подготвен сум да му помогнам на тимот.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...