Monday, 24 April 2017 10:35 Фудбал

Шпанија | Серхио Рамос вели дека не заслужил црвен картон и верува дека големите поплаки на Жерард Пике на социјалните мрежи конечно вродиле со плод...



Капитенот на Реал Мадрид го остави својот тим со играч помалку да се бори против Барселона во завршницата, откако доби црвен картон во 77. минута при резутлат 1-2.

Судијата Ернандез Ернандез процени дека дефанзивецот опасно стартувал со две нозе, но Серхио Рамос не се сложува со ваквата одлука.

„Црвениот картон е претеран” – рече дефанзивецот по крајот на натпреварот. „Никогаш не сум влегол во дуел со намера да повредам играч”.

„Според моето разбирање за фудбалот, требаше да добијам жолт а не црвен”.

„Да, закаснив со стартот, но немаше контакт. Црвениот картон беше одлучувачки”.

За гестот кон Пике кога го напушти теренот, Рамос додава: „Тие имаат различно разбирање за фудбалот”.

„Постојано зборуваат за судиите, и можеби тоа конечно вроди со плод”.

„Пике вели дека судиите се наклонети кон Реал, но заборава дека судиите беа наклонети кон Барса на дуелот со ПСЖ”.

„Пике обожава да зборува за судиите, па му кажав дека по толку голем притисок и поплаки на Твитер, тие на крајот ќе добијат помош од судијата”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...