Friday, 21 April 2017 10:01 Фудбал

Германија | План за голема финансиска добивка стои зад нападот на автобусот на Борусија Дортмунд. Полицијата усапси лице кое е берзански шпекулант, неговата намера била да влијае на падот на акциите на клубот со што би заработил голема финансиска добивка на берзата...



Утринава германската полиција го уапсила 28-годишниот Сергеј В. кој е жител на Германија но има руско потекло. Тој е осомничен за нападот на автобусот на Борусија Дортмунд.

Германскиот весник „Билд“ пишува дека не се работи за терористички напад, туку зад немилиот настан стои голем финансиски мотив.

Сергеј В. бил берзански шпекулант кој со нападот планирал да ги намали акциите на Борусија Дортмунд и така да заработи голема сума.

Осомничениот престојувал во истиот хотел како и тимот на Борусија Дортмунд, тој купил 15.000 продажни опции (која носи добивка кога вредноста на акцијата се намалува) за 78.000 евра поврзани со акциите на клубот. Хартиите од вредност имале рок до 17 јуни.

На почетокот на април подигнал кредит со кој во истиот ден на нападот ги купил продажните опции. Целта му била со нападот, доколку има повредени или загинати играчи, цените на акциите да паднат, а тој на берзата да добие голема финансиска добивка.

Сега тој е во притвор и се сомничи за обид за убиство на преку 20 членови на Борусија Дортмунд, фудбалерите и стручниот штаб.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...