ВИЦ

Разговараат две пријателки:
- Баш би сакала на маж ми да му купам некоја вратоврска која ќе му ги истакне очите.
- Па секоја вратоврска може да му ги истакне очите на мажот, само треба повеќе да му ја стегнеш!

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Wednesday, 05 April 2017 11:10 Фудбал

Англија | Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо вели дека Лук Шо имал добри перформанси против Евертон само поради тоа што тој од аут линијата постојано му дофрлал што да прави...



За левиот бек оваа сезона често нема место ниту на клупата, а Жозе Мурињо ова го образложи со остри критики дека играчот не се залага доволно на тренинзите и заостанува многу зад другите играчи.

Во понеделникот Жозе Мурињо и Лук Шо имаа кризен состанок, па Англичанецот се најде во составот за дуелот со Евертон.

Тој вчера доби шанса во завршните 25 минути откако Ешли Јанг, кој принудно играше како лев бек, се повреди.

Лук Шо имаше солидна партија против „Карамелите“ и беше играчот кој го изнуди пеналот во завршните мигови, по неговиот шут Ешли Вилијамс играше со рака и судијата покажа на белата точка.

Жозе Мурињо по крајот на натпреварот истакна дека Лук Шо имал добри перформанси само поради тоа што тој постојано му дофрлал што да прави.

„Ова веќе му го кажав и на него, имаше добро перформанси, но беше неговото тело со мојот мозок” – рече „Специјалниот“ на средбата со новинарите.

„Играше пред мене и јас ја носев секоја одлука за него. Можевме да комуницираме бидејќи бевме многу, многу блиску”.

„Јас размислував место него, јас ја носев секоја одлука место него. На ова ниво, потребно ни е неговото тело, неговите фантастични физички квалитети и навистина добрите технички способности кои ги има. Но не може да игра со моето разбирање за играта”.

„Тој самиот мора да ја разбере играта, мора да мисли, мора да го забрза процесот”.

„Има 21 година, доволно е стар за подобро да ја разбере играта”.

„Да, неговиот придонес беше добар, го подобри тимот. Ќе има позитивно чуство по денешниот натпревар бидејќи неговите перформанси беа позитивни”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...