Tuesday, 04 April 2017 11:27 Фудбал

Англија | „Црвените“ се загрижени дека повредата на Садио Мане е полоша од првичните прогнози, се стравува дека можеби сезоната за Сенегалецот е завршена...



Саидо Мане мораше предвреме да го заврши дербито на Мерсисајд изминатиов викенд откако доби удар при еден дуел со Лејтон Бејнс.

Во прв момент се чинеше дека не е ништо страшно, но медиумите од „Островото“ сега пренесуваат дека „Црвените“ се загрижени.

Отокот на коленото на Сенегалецот се уште е голем, и не можат да бидат извршени деталните тестови кои ќе ја донесат точната дијагноза.

Па Ливерпул стравува дека повредата е посериозна од првичните прогнози, и Саидо Мане би можел да паузира неколку недели.

Најпесимистичките сценарија се дека сезона за играчот е завршена.

Доколку ваквите стравувања се покажат како точни, тоа ќе биде голем удар за Јирген Клоп и Ливерпул во битката за топ четири, Саидо Мане е еден од најдобрите играчи на „Црвените“ оваа сезона.

Германецот веќе остана без услугите на Адам Лалана, кој ќе паузира еден месец, а надвор од стројот е и капитенот Џордан Хендерсон.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...