Monday, 03 April 2017 11:17 Фудбал

Англија | Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо остро распали по младиот Лук Шо, фановите стравуваат дека се одбројани деновите на левиот бек...



Англичанецот во 2014 пристигна на Олд Трафорд од Саутемптон во трансфер вреден 30 милиони фунти.

Тој важеше за најперспективниот лев бек на „Островото“ и добро ја започна авантурата во Манчестер јунајтед, но во септември 2015 му се случи голем пех.

На дуелот со ПСВ во Лигата на Шампионите, Лук Шо заработи двојна фрактура на ногата и за него заврши сезоната.

Оваа сезона тој се врати на терените но падна во немилост кај Жозе Мурињо откако во ноември одби да стисне заби и со повреда да игра против Свонси.

Лук Шо сега не само што не добива шанса за настап, тој не е ниту на клупата за резерви.

Таква беше ситуацијата и на дуелот со ВБА, натпревар на кој Жозе Мурињо не можеше да смета на неколку повредени играчи, а пред Лук Шо шанса доби дури и младиот Метју Вилок.

Кога новинарите го запрашаа Жозе Мурињо што се случува со левиот бек, „Специјалниот“  го „распарчи“ 21 годишниот Англичанец.

„Лук Шо? Тешко да дојде и до клупата за резерви“ – порача Жозе Мурињо.

„Зошто? Не можам да го споредам со Ешли Јанг, Дармијан, Блинд. Не можам да го споредам начинот на кој тој тренира, неговата посветеноста, фокусот, амбицијата“.

„Тој е далеку зад овие играчи”.

Многумина ваквите коментари ги протолкуваа како крај на кариерата на Лук Шо на Олд Трафорд и фановите стравуваат дека се одбројани деновите на левиот бек.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...