ВИЦ

Селанец во Белград

Отишол некој селанец прв пат во Белград, не можел да се снајде па прашува еден полицаец каде се наоѓа Калемегдан. Полицаецот му вели:
- "Леле човеку, па тоа го знае секоја будала."
- "Па затоа и те прашувам!"

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Saturday, 01 April 2017 20:47 Фудбал

Англија | Челси на свој терен загуби од Кристал Палас со 2-1, Манчестер јунајтед одигра само 0-0 на Олд Трафорд против ВБА, таквите резултати ги искористи Тотнем кој победи на гостувањето кај Барнли со 2-0...



Кикс на Челси на домашен терен, пораз од Кристал Палас од 2-1, но тимот на Антонио Конте има голема предност на врвот, па ваквиот резултат тешко дека ќе влијае на евентуален пад на сините.

Натпреварот почна одлично за Челси, во 5. минута по една убава асистенција на Азар, Фабрегас постигна гол за 1-0.

Во 9. минута Заха со изненадувачки удар го измами Куртоа и го изедначи резултатот на 1-1, а само две минути подоцна Бентеке постигна убав гол за комплетен пресврт и водство на Кристал Палас од 2-1.

До крајот на мечот Челси имаше доволно шанси и време да дојде до позитивен резултат, но Кристал Палас успеа да го одбрани водството.

Нерешениот резултат на Манчестер јунајтед со ВБА е поголема трагедија за нив отколку поразот за Челси. Тимот на Мурињо не успеа да му даде гол на ВБА.

Речиси во текот на целиот меч се играше пред голот на ВБА, но фудбалерите на Манчестер јунајтед тешко создаваа шанси за гол.

Мхитаријан имаше една ситуација кога излезе пред голманот Фостер но и тоа не беше најчиста шанса. Одличен шут од слободен удар имаше Рашфорд, но голманот на ВБА повторно беше победник.

Тотнем со головите на Дајер и Сон дојде до победа од 2-0 на гостувањето кај Барнли.

Лестер ја продолжи победничката серија, овој пат со 2-0 го совлада Стоук и веќе е безбеден на табелата.

Хал со пресврт во второто полувреме го победи Вест Хем со 2-1, Ватфорд со 1-0 славеше над Сандерленд.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...