Италија Жозе Мурињо уште еднаш негираше дека има договор со Реал Мадрид и додаде дека за својата иднина ќе одлучи по дуелот со Баерн Михнен

Нероаѕурите ја одбранија титулата во Серија А дури во последното коло откако со 1-0 славеа на гостувањето кај Сиена.
На средината од шампионатот Интер имаше голема предност пред конкурентите но потоа загуби голем број на бодови и по ремито со Фиорентина, Рома го превзеде лидерското место.
Но благодарејќи на победата на Сампдорија на гостувањето на Олимпико против Римската Волчица, Нероаѕурите денеска се радуваа на 18то Скудето, петто во низа.
Жозе Мурињо вели дека најдобриот тим ја освоил титулата и за својата прва титула освоена во последното коло вели дека е ’премногу стресно’.
“Тимот што најмногу заслужи ја освои титулата.” – рече Мурињо. “Има многу натпревари во првенството и најдобриот тим секогаш заслужува да победи.”
“Можеше да биде многу полесно, имавме голема бодовна предност на на половина од сезоната но потоа загубивме доста бодови, дел поради наша вина.”
“Играњето во натпреварување како што е Лигата на Шампионите, каде што е потребна голема енергија за да се одиграат два натпревари со Челзи а потоа и со Барселона, го направија овој шампионат уште потежок бидејќи физички и психички тоа беа многу тешки натпревари.”
“Во оваа смисла, Рома беше смирена. Тие беа елиминирани од Лига Европа, играа по еден натпревар неделно и имаа време да се подготват добро за секој натпревар и да ни го остават притисокот на нас. Беше тешко но никогаш сум го немал ова искуство, да се освои титулата во последното коло. Ја имам освоено дома, во хотел, со три или четири натпревари пред крајот, секогаш со голема смиреност. Ова е нова искуство кое е многу стресно и се надевам дека нема да се повтори.” – прокоментира Жозе со насмевка на лицето.
“По дуелот со Фиорентина и кога Рома го превзеде лидерското место, шампионатот повеќе не зависеше од нас. Знаевме дека нема да биде доволно ние да победиме на нашите натпревари и се надевавме дека Римската Волчица ќе киксне против Сампдорија или Лацио. За среќа Сампдорија победи и ние сме благодарни за тоа. Да, тоа беше најкомпликуваниот момент во сезоната. Тука беше и дуелот со Јувентус, кој дојде на Џузепе Меаца не да победи туку да го спречи Интер да биде шампион.”
Сега откако Интер во џеб го има и Скудетото фокусот се насочува кон Мадрид и финалето од Лигата на Шампионите.
Интер има шанса по пауза од 45 години да го освои најелитното Европско натпреварување и да ја комплетира историската тројната круна.
“Шампионатот сега е завршен. Осовјувањето на Скудетото и Лигата на Шампионите секогаш е фантастично. Баерн Минхен го стори истото но само еден од нас ќе ја освои Лигата на Шампионите.”
“Дали веќе размислувам на дуелот на 22 мај? Не знам, но во овој момент немам сила да одам до автобусот и да гледам ДВД-иа од Баерн. Ќе се вратам на работа утре.”
“Не размислувам на мојата иднина во моментов. Мислам само на Интер, на моите играчи и дуелите со Баерн. По финалето ќе има време да бидам малку себичен да одморам неколку дена и да мислам на себе и за тоа што ќе ми даде поголемо професионално задоволство.”
“Но 100% е точно кога велам дека не сум со едната нога на кормилото на Реал Мадрид.”
“На кого припаѓа денешниот триумф и Скудетото? Денешната победа припаѓа на сите што се среќни во овој момент.”
Powered by: 24 FUDBAL.com.mk