Monday, 17 May 2010 05:54 Фудбал

Шпанија Екипата на Барселона со победата од 4-0 во дуелот со Ваљадолид ја комплетираше одличната сезона во Примера Дивизон освојувајќи рекордни 99 бода на патот до одбраната на титулата


Каталонците во пресрет на последното коло беа на врвот на табелата и знаеа дека сами одличуваат за освојувањето на титулата.

Избраниците на Пеп Гвардиола одговорија на предизвикот со четири гола во мрежата на Ваљадолид и за освојување на историски 99 бода оваа сезона.

Лео Меси беше стрелец на два погодока со што го изедначи рекордот на Роналдо од 34 погодоци во една сезона во Примера Дивизион.

Кралевите, кој вршеа притисок до самиот крај, не беа на висината на задачата во последното коло и на гостувањето кај Малага одиграа 1-1.

Бодот за Малага беше од големо значање бидејќи им донесе опстанок а Ваљадолид, Тенерифе и Ксерес следната сезона ќе настапуваат во ранг подолу.

Ваљадолид на Камп Ноу беша рамноправен противник само во првите десетина минути кога гостите имаа неколку полушанси пред се поради грешките на одбраната на Барселона.

Но потоа Барса започна со својата препознатлива игра, го имаше поседот на топката и се редеа шанса по шанса.

Најпрво со удар од далечина се закани Кеита за неколку моменти подоцна своите шутерски способности да ги испроба и Јаја Туре.

Подоцна на сцена стапи Лионел Меси кој имаше неколку одлични шанси но немаше среќа, особено во 22та минута кога дефанзивците на Ваљадолид го блокираа ударот на Јаја Туре и на одбиената топка налета Аргентинецот, кој биеше само крај голот иако беше осамен во срцето на шеснаесетникот.

Со неколку удари од далечина се закани и Бојан Кркич но голот на Барса стигна по грешката на Прието кој си постигна автогол.

Педро нафрли од десната страна и иако немаше играч на Барса во близина на голот на Ваљадолид, дефанзивецот се обиде да ја расчисти топката но успеа само да го совлада својот голман.

Педро потоа самиот се запиша во листата на стрелците по прекрасната асистенција на Лео Меси, кој претходно имаше мал славом и двојно проигрување со Јаја Туре.

Аргентинскиот интернационалец во вториот дел потоа постигна два погодока првиот во 62та минута а вториот петнаесет минути подоцна, за да стигне до бројката од 34 и да го изедначи рекордот на Роналдо од сезоната 1996/1997.

На крајот Барса се радуваше на својата нова титула (4та оваа сезона по Супер Купот на Шпанија и Европа и Светското Клубско Натпреварување) а Ваљадолид мораше да се помири со фактот дека следната сезона ќе настапуваат во ранг подолу.

Но и да не победеше Барса ќе стигнеше до титулата со оглед на тоа дека Реал Мадрид не успеа да слави на гостувањето кај Малага.

Домакините дојдоа во рано водство преку Дуда уште во 9та минута. Португалскиот интернационалец проигра со Каиседо, кој со пета му ја врати топката, по што Дуда ја пласираше топката во долниот десен агол на Касиљас.

Реал се обиде да се врати во игра и имаше две одлични шанси најпрво преку Роналдо, чиј удар со глава беша одбранет со акробатска парада, а потоа и преку Ван дер Варт кој се обиде да постигне атрактивен погодок со ножички.

Кралевите успеаа да изедначат веднаш по стартот на второто полувреме преку погодокот на Ван дер Варт, кој беше опкружен од три противнички играчи но холандскиот интернационалец го пронајде патот до мрежата.

Реал потоа тргна и по преостанатите два бода но Серхио Рамос, Естебан Гранеро и Карим Бензема не успеаа во своите обиди.

На крјаот имаше и мал инцидент поради кој Дуда доби црвен картон но она што беше важно за Малага е обезбедениот опстанок.

Бодот против Реал беше доволен откако Валенсија со погодокот на Алексис во 90та минута го победи Тенерифе, уште еден клуб кој грчевито со бореше за опстанок.

Во останатите денешни натпревари на кои се решаваше за опстанокот, Расинг Сантаднер сам си ја заврши работата со триумфот од 2-0 над Спортинг Хихон.

Тиче беше двоен стрелец за домакините, 35та и 55та минута за три бода кои значат настап во Примера Дивизион и следната сезона.

Ксерез, кој имаше само математички шанси за опстанок пред ова коло не успеа дополнително да ги замеша работите играјќи само 1-1 на гостувањето кај Осасуна.

Дади во 55та минута ги донесе домакините во водство од 1-0 за пет минути подоцна Антонито да ги постави конечните 1-1.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...