Friday, 10 March 2017 11:36 Фудбал

Шпанија | Според пишувањата на медиумите од Шпанија, лутите ривали Реал Мадрид и Барселона ќе водат војна надвор од терените за талентиран играч на Порто...



17 годишниот Диого Далот е новиот вондеркид кој го привлекува вниманието на гигантите од Шпанија.

Според пишувањата на АС, Реал Мадрид веќе остварил контакт со агентите на младиот Португалец.

Но „Каталонците“ се тие кои го направиле првиот конректен чекор, весникот вели дека Барселона доставила понуда до Порто вредна 10 милиони евра.

Сепак оваа сума била недоволна, тинејџерот има откупна клаузула вредна 20 милиони евра.

Диого Далот е десен бек, главен адут му се физичките карактеристики и многу е понапреден од своите врсници.

Минатата година, во пролетта тој настапувал на Европското првенство за играчи до 17 години, а потоа во летото настапил и на Европското првенство за играчи до 19 години.

Реал Мадрид има и скриен адут во битката за потписот на Диого Далот, а тоа е Кристијано Роналдо, кој е идол на младиот Португалец.

„Се сретнав со најдобриот на сите времиња и мојот идол. Ми се оствари сонот” – напиша Далот на Твитер откако минатата година имаше прилика да го запознае ЦР7.

Некои скаути предвидуваат дека Диого Далот би можел да стане и новиот Кристијано Роналдо доколку во иднина игра поофанзивно и успеа да се адаптира на десната крилна позиција.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...