Saturday, 15 May 2010 18:34 Фудбал

Англија Челзи го освои ФА Купот, Сините го победија Портсмут минимално со 1-0 и за прв пат во својата историја ја освоија двојната круна!

Челзи со голот на Дидиер Дрогба минимално со 1-0 го совлада Портсмут и го освои ФА Купот!

Историски успех за Челзи, прва двојна круна за Сините од Стемфорд Бриџ.

Одлична деби сезона за Карло Анчелоти на клупата на лондонскиот клуб.

Челзи и Портсмут одиграа интересен натпревар со повеќе идеални шанси за гол но само еден погодок кој заврши во мрежата на Дејвид Џејмс.

Првата шанса ја имаше Лампард, во 14та минута од далечина биеше одлично, но неговиот удар заврши во стативата од голот на Портсмут.

Во 22та минута прекрасна шанса за Портсмут, Боатенг биеше лошо, топката дојде до Пикион кој се најде во идеална шанса, но биеше во Чех кој со фантастичен рефлекс одбрани.

Пет минути подоцна уште поголема шанса за Челзи, неверојатно промашување на Калу, асистенција на Ешли Кол, голот остана празен, но Калу го одбра потешкото, не постигна гол, ја погоди само пречката.

Во 29та минута нова пречка за Челзи, овој пат Џон Тери бие одлично со глава, неговиот удар заврши во гредата.

Десет минути подоцна Дидиер Дрогба изведе супер слободен удар, топката со поголем обем ја мина линијата, но не и целосно.

На три минути пред крајот, нова статива, Дрогба повторно за малку не реализира, конструкцијата сојузник на Портсмут.

По десет минути игра, Портсмут имаше голема можност да поведе, Белети прави прекршок врз Диндан, судијата досуди пенал.

Боатенг имаше прилика да донесе водство за својот тим, биеше од белата точка, но Чех одбрани.

Казната стигна многу брзо, во 59та минута, Дрогба постигнува супер погодок од слободен удар за водство на Челзи од 1-0, голема радост за Сините.

Пред крајот на натпреварот пенал и за Челзи, Лампард беше соборен во шеснаесетникот, тој и го изведе ударот од 11 метри, но го промаши целиот гол.

Резултатот остана 1-0, заслужена победа за Челзи, заслужена титула за Сините кои имаа одлична сезона.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...