Wednesday, 12 May 2010 13:24 Фудбал

СП 2010 Диего Марадона откри кои фудбалери ќе бидат стартери во репрезентацијата на Аргентина и верува дека овој тим е подобар од оној што го освои златото на мондијалот во 1986

Селекторот на Гаучосите последен го соопшти прелиминарниот тим од 30 фудбалери и на спискот ги немаше имињата на Кабијасо и Занети од Интер, кои уживаат во одлична сезона со Нероаѕурите.

До 1 јуни, Марадона ќе треба да изостави уште седумина и да ги одбере 23та фудбалери што ќе патуваат за Јужна Африка но стратегот веќе знае кои фудбалери ќе бидат стартери.

Тој индицираше дека ќе игра во формација 4-4-2 а нападот ќе го предводат Гонзало Игуаин и Лионел Меси, кој ќе има тотална слобода во својата игра.

“На голот ќе биде Ромеро, а во дефанзивата, Николас Отаменди, Мартин Демикелис, Валтер Самуел и Габриел Хајнце.” – рече Марадона.

“По крилните позиции ќе играат Хонас Гутиерес и Анхел Ди Мариа додека во централниот дел од средниот ред Хуан Себастијан Верон и Хавиер Маскерано.”

“Во нападот ќе бидат Гонзало Игуаин и Лионел Меси.”

“Во овој тим верувам многу повеќе отколку во оној од 86та. Сега сите играчи се во врвот на својата форма.”

“Меси ќе има тотална слобода во нападот, тој ќе нема никакви обврски додека пак Верон ќе биде нашиот Чави.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...