Thursday, 09 February 2017 11:33 Фудбал

Лига на Шампиони | Во среда Реал Мадрид го пречекува Наполи во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, главниот град на Шпанија е подготвен за вистинска инвазија од гостински навивачи...



Реал Мадрид определи 3.917 билети за Наполи кои веднаш беа распродадени, но информациите велат дека многу навивачи на италијанскиот клуб кои немаат билети исто така ќе патуваат на мечот надевајќи се дека ќе најдат билет на црно.

Од туристичката агенција Рете Еуропа Виаџи велат дека имале побарување од над 4.000 Наполитанци за аранжман во Мадрид.

„Уште од 12. декември (денот на ждрепката) почнавме да имаме побарувања. Но не можеме да организираме патување за сите. Само 1.500 одат преку нас. Организиравме шест летови“ - вели сопственикот на агенцијата Џузепе Падуано.

Речиси сите летови кои водат од Наполи до Мадрид, и од Рим до Мадрид се распродадени за тој период.

Наполи ќе игра во Мадрид против Реал за прв пат по 30 години кога во 1987 година се одржа историскиот меч зад затворени врати, па Наполитанците не сакаат да го пропуштат овој дуел.

Очекувањата се дека околу 10.000 навивачи на Наполи ќе пристигнат во Мадрид, некои на стадионот, други надвор од него ќе му даваат поддршка на својот тим.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Наполи се игра во среда на 15. декември во стандардниот термин од 20:45.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...