Wednesday, 08 February 2017 11:56 Фудбал

Германија | Хенрих Мхитарјан за прв пат одговори на серијата критики кои на негова адреса пристигнаа од Борусија Дортмунд по трансферот во Манчестер јунајтед...



Репрезентативецот на Ерменија минатото лето се пресели на Олд Трафорд во зделка вредна 42 милиони и покрај тоа што „Милионерите“ не сакаа да слушнат за продажба и долго време одолеваа на понудите.

На фановите на Борусија Дортмунд не им се допадна овој трансфер па го обвинија Хенрих Мхитарјан дека потпишал за Манчестер јунајтед само за да заработува повеќе пари.

Во разговор со Билд, играчот за прв пат се огласи и одговори на критиките.

„Не ги разбирам овие критики, тие се погрешни” – вели популарниот Мики.

„Доколку ме интересираа само парите, кога го напуштив Шахтар ќе потпишев за Анжи а не за Борусија Дортмунд”.

„Но не го сторив тоа. Сакав да продолжам да бележам прогрес како играч”.

Хенрих Мхитарјан потоа му одговори и на генералниот извршен директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке, кој неодамна изјави дека Ерменецот не е голем играч бидејќи не шутирал пенал во финалето на купот против Баерн Минхен.

„Доколку сака да ми оцени на основа на еден натпревар, тоа е погрешно. Веројатно заборавил како претходно ја одиграв целата сезона”.

„Ќе погодев пенал во Берлин. Но има тренер и 11 играчи на теренот, и дискутираме кој ќе изведува”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...