Wednesday, 08 February 2017 11:48 Фудбал

Шпанија | Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне не беше задоволен од начинот на кој судијата Хесус Гил Манзано ја делеше правдата на вчерашниот дуел со Барселона...



„Колчонероси“ вчера беа елиминирани во полуфиналето на Копа дел Реј откако реваншот на Камп Ноу заврши 1-1.

Средбата беше прилично возбудлива и тензична, со три црвени картони, еден промашен пенал и неколку контроверзни ситуации.

Гостите беа оштети во второто полувреме кога беше поништен чист гол на Антоан Гризман поради офсајд.

„Судиите можат да погрешат” – рече Диего Симеоне по крајот на натпреварот. „Исто како и играчите”.

„Но кога некој играч ќе направи грешка, тој сноси одговорност, не знам дали судиите сносат одговорност”.

„Сега е јасно зошто во Лигата на Шампионите имаме поголеми шанси отколку во Ла Лига и Копа дел Реј”.

Стратегот потоа упати пофални зборови за своите играчи.

„Год сум на моите избраници, го оставија срцето на терен, елиминирани сме но си заминуваме со кренати глави”.

„Секако, повеќе би сакал да одигравме лошо а да се пласиравме во финале”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...