Monday, 10 May 2010 17:20 Фудбал

Шпанија Професионалната Фудбалска Лига (LFP) денеска соопшти дека клубовите од Примера Дивизион имаат намера да се раздвојат од оние од Секунда Дивизион

Денеска во Мадрид се сретнаа претставници на Примера Дивизион и Професионалната Фудбалска Лига (LFP) под чие покровителство се првите две лиги во Шпанија со цел да се креира одвоена прва лига слична на оние од Премиер Лигата и Серија А.

Причината е тоа што клубовите од Примера Дивизион сакаат да обезбедат подобра распределба од ТВ и аудио правата со што ќе станат многу поконкурентни во Европа.

“Новиот систем на организација и развој ќе овозможи многу поатрактивна и подобра конкурентност од сегашноста.” – гласеше соопштението.

Сепак сеуште не се знае како ќе се врши продажбата на ТВ правата со оглед на тоа дека Реал Мадрид и Барселона индивидуално ги продаваат своите натпревари за разлика од Премиер Лигата, Бундеслигата и Серија А, каде што се склучуваат колективни договори и потоа се дели приходот.

Реал Мадрид и Барселона, двата најбогати клубови во светото, скоро половина од својот приход го базаираат токму преку индивидуалната продажна на ТВ правата генерирајќи приход од фантастични 150 милиони евра по сезона.

“Серија на работни средби ќе започнат да се одржуваат од јуни 21 со цел да се утврди најдобриот начин на преточување на овој план во пракса.” – рече Професионаланата Фудбалска Лига (LFP).

Се шпекулира дека клубовите од новата прва лига сакаат парите од ТВ правата да бидат делени и секој да добива фиксен дел, бројка според бројот на гледачи и додатни суми во споредба со пласманот на табелата.

Но ваквото решение не им одговара на двата гиганта Барселона и Реал Мадрид кој се на врвот на табелата со 96 односно 95 бода а Валенсија е на третото место со заостанување од дури 27 бода.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...