Friday, 13 January 2017 11:07 Фудбал

Останато | Во писмо кое го испраѓа до 8 годишниот себе, Роналдињо ја раскажува својата животна приказна и открива зошто постојано игра со насмевка на лицето...



Во серијалот на “Д Плејерс Трибјун“, Роналдињо е последниот спортист кој испраѓа писмо до самиот себе.

Во него, Бразилецот ја раскажува својата животна приказна и открива детали од кариерата.

Драг 8 годишен Роналдињо,

Утре, кога ќе се вратиш дома по играњето фудбал, ќе има многу луѓе во куќата. Твоите вујковци, пријатели на твоето семејство и некои други луѓе кои не ги познаваш. Во прв момент ќе помислиш дека доцниш на забава. Сите се тука да го прослават 18 роденден на товјот брат Роберто.

Вообичаено кога ќе се вратиш дома од фудбал, мама секогаш се смее или кажува шеги.

Но овј пат, таа плаче.

Тогаш ќе ти пријде Роберто. Ќе те гушне и ќе те однесе во купатилот за да бидете сами. Потоа ќе ти каже нешто што не разбираш.

„Имаше несреќа. Татко повеќе го нема. Тој почина”.

Овие зборови ќе ти немаат смисла. Што значи тоа? Кога тој ќе се врати? Како може да го нема тато?

Тато беше оној што ти кажа да бидеш креативен, да играш слободно, едноставно да играш со топката. Веруваше во тебе повеќе од било кој. Кога Роберто почна профисионално да игра фудбал за Гремио минатата година, тато на сите им велеше: „Роберто е добар, но внимавајте на неговиот помал брат”.

Тато беше суперхерој. Толку многу го сакаше фудбалот по откако цела недела работеше на бродоградилиштето, за викенд работеше како обезбедување на стадионот на Гремио. Како повеќе нема никогаш да го видиш? Нема да разбереш што ти кажува Роберто.

Во прв момент нема да почуствуваш така. Тоа ќе дојде подоцна. Неколку години потоа, ќе прифатиш дека тато никогаш нема да се врати на земјата. Но сакам да разбереш дека секогаш кога ќе имаш топка во своите нозе, тато ќе биде со тебе.

Кога имаш топка во незете, ти си слободен. Ти се среќен, речиси е исто како да слушаш музика. Тоа чуство ќе те натера да посакаше да шириш радост на другите.

Имаш среќа што покрај тебе е Роберто. Иако е 10 години постар и веќе игра за Гремио, Роберто секогаш ќе биде тука за тебе. Тој нема да биде само брат, ќе ти биде и татко. И најмногу од се, ќе биде твојот херој.

Ќе сакаше да играш како него, ќе сакаш да те обожаваат како него. Секое утро, кога ќе одише во Гремио, ќе играш за младиот тим додека пак Роберто ќе игра за сениорите, ќе се шеташ во соблекувалната со постариот брат, со фудбалската ѕвезда. И секоја вечер кога ќе одиш во кревет, ќе си мислиш, Делам соба со мојот идол.

Нема постери на ѕидот, има само мал телевизор. Но тоа не е важно, бидејќи ќе немаш време да гледате натпревари заедно. Кога не е на гостувања со Гремио, Роберто те носи надвор да играте фудбал.

Кога живееш во Порто Алегре, има дрога, банди и слични работи. Ќе ти биде тешко, но се додека играш фудбал – на улица, во паркот, со твоето куче – ќе бидеш безбеден.

Да, реков твоето куче. Тој е неуморлив дефанзивец.

Ќе играш со Роберто. Ќе играш со други деца и постари момци во паркот. Но на крајот сите ќе се уморат, а ти ќе сакаш уште да играш. Па не заборавај да го понесеш и кучето, Бомбом со тебе. Бомбом е џукела. Право бразилско куче. Па дури и бразилските кучиња обожаваат фудбал. Ќе ти служи одлично да вежбаш дриблинзи и вештина со топката... и можеби ќе биде првата жртва на „Еластико“.

Многу години подоцна, кога ќе играш во Европа, неколку дефанзивци ќе те потсетат на Бомбом.

Детството ќе ти биде многу поразлично. Додека да наполниш 13 години, луѓето ќе почнат да зборуваат за тебе. Ќе зборуваат за твоите вештини и за она што го правиш со топката. Во овој период, фудбалот се уште е само игра за тебе. Но во 1994, кога ќе имаш 14 години, Светското првенство ќе ти покаже дека фудбалот е многу повеќе од едноставна игра.

17. јули 1994 е ден кој секој Бразилец го памети. Тој ден, ќе патуваш со младиот тим на Гремио на натпревар во Бело Хоризонте. Финалето од Светското првенство е на ТВ, и ќе играат Бразил против Италија. Да, тоа е точно, „Кариоките“ ќе бидат во финале на Светско првенство за прв пат по 24 години. Ти се чини целата земја застанала.

Насекаде во Бело Хоризонте ќе се веат знамиња на Бразил. Тој ден нема да има друга боја освен зелена и жолта. На секое можно место во градот ќе се пренесува натпреварот.

Ќе го гледаш натпреварот со своите соиграчи. Резултатот ќе биде 0-0 по последниот свиреж. Пенали ќе го одлучуваат победникот.

Италија ќе го промаши првиот пенал, исто како и Бразил. Потоа Италија ќе погоди. И потоа.... Ромарио доаѓа да шутира. Шутира лево... ја погодува стативата... и топката влегува во гол. Сите врескаат и се дерат.

Италија постигнува и одново има тишина.

Бранко погодува за Бразил... Тафарел брани за Бразил... Дунга погодува за Бразил...

Потоа, моментот кој не само што ќе ти го промени животот, туку ќе го променн и животот на милиони Бразилци...

Баџо доаѓа да шутира и промашува.

Бразил е Светски шампион.

Во лудата прослава, ќе ти стане јасно што сакаш да правиш до крајот на животот. Конечно ќе разбереш што фудбалот им значи на Бразилците. Ќе ја почуствуваш моќта на овој спорт. Најважно, ќе видиш каква радост фудбалот им носи на обичните луѓе.

„Ќе играм за Бразил”, ќе си рече на самиот себе тој ден.

Не секој ќе верува во тебе, особено не поради начинот на кој играч.

Ќе има тренери – во ред, еден особено – кој ќе ти каже да не играш на начинот на кој треба да играш. Ќе мисли дека мораш да бидеш многу посериозен, дека треба да престанеш да дриблаш. Ќе ти каже „Никогаш во животот нема да станеш фудбалер”.

Користи ги овие зборови како мотивација. Користи ги за да останеш фокусиран. И потоа присети се на играчите кои играле убав фудбал – Денер, Марадона, Роналдо.

Присети се на зборовите на тато, да играш слободно, едноставно да играш со топката. Да играш со радост. Многу тренери нема да го разберат ова, но кога си на теренот, никогаш немој да калкулираш. Се ќе дојде природно. Пред да имаш време да размислиш, твоите стапала веќе донеле одлука.

Креативноста ќе те однесе подалеку отколку калкулациите.

Еден ден, само неколку месеци откако Ромарио ќе го подигне пехарот од СП 1994, твојот тренер од Гремио ќе те повика во канцеларија по еден тренинг. Ќе ти каже дека си повикан за репрезентацијата на Бразил до 17 години. Кога ќе отидеш во тренинг кампот во Тересполис, ќе видиш нешто кое никогаш нема да го заборавиш. Кога ќе влезеш во мензата, ќе ги видиш врамените слики на Пеле, Зико и Бебето како висат на ѕидовите.

Ќе одиш во истите ходници како тие легенди. Ќе седиш на истите маси на кои седеле Ромарио, Роналдо и Ривалдо. Ќе ја јадеш истата храна која тие ја јаделе. Ќе спиеш во истите кревети. Пред да заспише ќе си помислиш, Кои од моите хероии лежеле на оваа перница.

Во следните четири години, ќе играш само фудбал. Ќе го поминеш животот во автобуси и на игралишта. Поточно, од 1995 до 2003, никогаш нема да одиш на одмор. Ќе биде прилично интензивно.

Кога ќе наполниш 18 години, ќе постигнеш нешто на кое твојот татко сигурно ќе се гордееше. Ќе дебитираш за сениорскиот тим на Гремио. Единствен тажен дел е тоа што Роберто нема да биде таму. Поради повреда на коленото мораше предвреме да замине од Гремио и да се пресели во Швајцарија. Нема да го делиш теренот со твојот херој, но помина толку многу години гледајќи го Роберто па ќе знаеш што да правиш и како да се однесуваш.

На денот на натпреварите, ќе поминуваш низ паркингот каде што твојот татко работеше како обезбедување за викендите. Ќе влезеш во соблекувалната каде што те носеше брат ти како дете. Ќе го облечеш сино-црниот дрес на Гремио. Ќе си помислиш: Животот не може да биде подобар од ова. Мислиш дека конечно си успеал, играш за клубот од родниот град.

Но тука не завршува твојата приказна.

Следната година, ќе го одиграш првиот сениорски натпревар за Бразил. Ќе се случи интересна и смешна приказна. На првиот тренинг капм ќе се појавиш ден подоцна од останатите соиграчи. Зошто? Ќе задоцниш поради тоа што со Гремио играш финале од Гаучо првенството против Интернационал.

За Интернационал ќе игра Дунга, капитенот на тимот кој стигна до златото на СП 1994.

Ќе одиграш многу добро на тој натпревар. Па кога ќе се појавиш на првиот ден на тренингот со Бразил, новите соиграчи – момците кои ги гледаше како триумфираат на СП 1994 – ќе зборуваат за еден играч: малото дете кое го носи дресот со број 10.

Ќе зборуваат за тебе.

Ќе зборуваат за тоа како си го дриблал Дунга. Ќе зборуваат за твојот гол со кој Гремио стигна до титулата. Но немој да бидеш премногу самоуверен, бидејќи нема да ти ја олеснат задачата. Ова ќе биде најважниот момент во твојот живот. Кога ќе стигнеш на ова ниво, луѓето ќе очекуваат многу работи од тебе.

Дали ќе продолжиш да играш како што знаеш и умееш?

Или пак ќе почнеш да калкулираш? Ќе играш на сигурно?

Единствениот совет кој го имам за тебе е овој: Играј како што знаеш и умееш. Биде слободен. Слушни ја музиката. Ове е единствениот начин на кој треба да живееш.

Играњето за Бразил ќе ти го промени животот. Одеднаш ќе ти бидат отворени врати за кои никогаш не си знаел дека постојат.

Ќе почнеш да размислуваш за играње во Европа, каде многу твој херои се докажаа. Роналдо ќе ти каже за животот во Барселона. Ќе ги видиш неговите награди, неговата „Златна Топка“, трофеите од клубовите каде настапувал. Одеднаш, и ти ќе посакаш да креираш историја. Ќе почнеш да сонуваш и за други клубови освен Гремио. Во 2001, ќе потпишеш за ПСЖ.

Како да му кажам на дете кое е родено во дрвена куќа во фавелата како изгледа животот во Европа? Тоа е невозможно. Нема да разбереш дури и да ти кажам. Кога ќе заминеш во Париз, а потоа во Барселона и Милано, се ќе се одвива многу брзо. Некои од медиумите во Европа нема да го разберат твојот стил на игра. Нема да разберат зошто постојано си насмеан.

Па, се смееш зошто фудбалот е забавен. Зошто да бидеш сериозен? Твојата цел е да шириш радост. Ќе ти кажам уште еднаш – креативност а не калкулација.

Остани слободен, и ќе освоиш Светско првенство со Бразил.

Остани слободен, и ќе освоиш Лига на Шампиони, Ла Лига и Серија А.

Остани слободен, и ќе освоиш „Златна Топка“.

Ќе бидеш најмногу горд на една работа, ќе помогниш да се промени фудбалот во Барселона преку твојот стил на игра. Кога ќе пристигнеш таму, Реал Мадрид ќе биде сила во шпанскиот фубдал. Но кога ќе заминеш од клубот, децата ќе сонуваат да играат „во стилот на Барса“.

Но твојота улога ќе биде многу поголема од тоа што го правиш на теренот.

Во Барселона, ќе слушнеш за дете од младинскиот тим. Го носи дресот со број 10 исто како тебе. Тој е мал исто како тебе. Игра со топката исто како тебе. Ти и твоите соиграчи ќе одите да го гледате во младите категории на Барселона, и во тој момент ќе знаеш дека тој ќе биде повеќе од одличен фудбал. Тоа дете е поразлично. Неговото име е Лео Меси.

Ќе им кажеш на тренерите да го донесат во првиот тим да игра со тебе. Кога ќе пристигне, играчите на Барселона за него ќе зборуваат исто како што бразилските фудбалери зборуваа за тебе.

Сакам да му дадеш еден совет.

Кажи му, „Играј со радост. Играј слободно. Едноставно играј со топката”.

Дури и кога ќе заминеш, слободниот стил ќе продолжи да живее во Барселона преку Меси.

Многу работи ќе ти се случат во животот, некои добри а некои лоши. Но за се што ќе ти се случи, ќе му бидеш должник на фудбалот. Кога луѓето ќе се посомневаат во твојот стил, или зошто се смееш кога си загубил, сакам да се присетиш на една работа.

Кога твојот татко ќе ја напушти земјата, нема да имаш видеа од него. Твоето семејство нема многу пари, па твоите родители немаат камера. Нема да можеш да го слушнеш гласот на твојот татко, или пак да го слушнеш како се смее.

Но помеѓу неговите работи, ќе има една работа на која ќе треба секогаш да се сеќаваш. Слика на која ти и тој играте фудбал. Ти се смееш и си среќен со топката во твоите нозе. Тој е среќен што те гледа.

Кога ќе пристигнат парите, како и притисокот и критиките, остани слободен.

Играј онака како што тој ти кажа да играш.

Играј со топката.

- Роналдињо

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...