Monday, 10 May 2010 10:22 Фудбал

Италија Директор на Интер, Ернесто Паолило вели дека Жозе Мурињо е среќен на Џузепе Меаца и тие се надеваат дека ’Специјалниот’ ќе биде дел од клубот и следната сезона

Жозе Мурињо е на прагот да му ја донесе на историската тројна круна но стратегот има неизвесна иднина во Милано и покрај тоа што е обврзан под договор со Интер до 2012.

До крајот на сезоната Интер има уште ’две финалиња’ она против Сиена во последното коло од Серија А и секако финалето од Лигата на Шампионите против Баерн Минхен и медиумите силно шпекулираат дека тоа ќе бидат последни натпревари на Мурињо на кормилото на Интер без разлика колку трофеи ќе освојат Нероаѕурите.

По вчерашниот дуел со Киево, директорот на Интер, Ернесто Паолило изрази оптимизам дека ’Специјалниот’ ќе остане на Џузепе Меаца и следната сезона.

“Иднината на Мурињо? Се надеваме дека тој ќе остане со нас и следната сезона.” – рече Паолило за ТВ каналот на Интер.

“Тој е човекот што го трансформираше овој состав. Тој има договор со нас како и желба да остане со Интер.”

Нероаѕурите имаа можност да го освојат Скудетото уште вчера откако Рома на 15 минути до крајот губеше во дуелот со Каљари но потоа Римската Волчица направи пресврт па шампионот ќе биде одлучен следниот викенд.

“Ќе треба да страдаме и во 90те минути од последниот натпревар. Од стартот на сезоната кажавме дека се до самиот крај силно ќе се бориме за Скудетото.”

Иднината на Португалецот е главна тема и на денешните медиуми.

Извештаите кои пристигнуваат од Италија говорат дека Масимо Морати, претседателот на Интер ќе стри се за да го задржи Жозе Мурињо на Џузепе Меаца.

La Gazzetta dello Sport вели дека на Мурињо ќе му биде понуден нод побогат договор и покрај тоа што ’Специјалниот’ е најскапо платен тренер во светот на фудбалот.

Весникот исто така вели дека Морати размислува и за живот без Мурињо, доколку стратегот реши да ја прифати понудата на Реал Мадрид, и La Gazzetta dello Sport ги посочува, Фабио Капело и Синиша Михајловиќ како можни опции.

Покрај тоа спортскиот директор Марко Бранка на листата желби ги додал и Жорге Жесус од Бенфика и Грегорио Манцано од Мајорка како и Зденек Земан.

Во меѓувреме AS вели дека Жозе Мурињо веќе му соопштил на Масимо Морати дека нема да остане во Интер следната сезона и ќе ја прифати понудата на Реал Мадрид.

Весникот вели дека бордот на Кралевите минатата недела одлучил Мануел Пелегрини да не ја одработи својата втора година од договорот и на негово место да биде назначен Мурињо па многу наскоро може да се очекува и официјално соопштение.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...