Италија Жозе Мурињо му врати на Клаудио Раниери за нападите, Португалецот го нарече "губитник" тренерот на Рома.

Ривалитетот помеѓу Интер и Рома оваа сезона ги наруши и односите помеѓу двата тима на секое поле.
Интер ја победи Рома во Купот на Италија, Нероазурите имаат и два бода предност во трката за Скудетото.
Односите помеѓу Раниери и Мурињо никогаш не биле добри, овој пат тренерот на Рома беше оној кој прв нападна.
На Клаудио Раниери не му се допаѓа однесувањето на Жозе Мурињо.
"Тоа не е тип на фудбал кој го сакам јас. Јас сум поинаков, сакам почит и давам почит" - изјави Раниери.
"Премногу е лесно да го мотивирате составот креирајќи менталитет на опсада и чуство дека ве напаѓаат од секаде".
"Спортот е важна алка во италијанското општество. Таквото однесување фирла темпирани бомби. Јас сум спортски човек и го сакам фудбалот".
"Дали Мирињо е феномен? Медиумите му ја дадоа таа аура. За мене тој е добар тренер, не би додал ништо повеќе" - изјави Клаудио Раниери на прес конференција.
Нешто подоцна, Жозе Мурињо го возврати ударот, нарекувајќи го Раниери "губитник".
"Имајќи во предвид дека во средата навечер Рома требаше со шест натпревари да го заврши натпреварот од финалето во Купот на Италија, бидејќи Фелипе Мексес, Франческо Тоти, Родриго Тадеи и Николас Бурдисо го направија она што е неопходно за да бидат исклучени, денеска тој збори за начинот на мотивирање на тимот" - вели Мурињо.
"Мотивацијата се создава секој ден преку работа со тимот, за време на тренинзите и по тренинзите. Сигурно тоа не се прави со прикажување на филм пред натпреварот. Фудбалерите се професионалци и не треба да бидат третирани како деца".
"Ние префериравме да работиме на теренот и да ги простудираме слабите точки на Рома".
"Доколку им го пуштев тимот Гладијатор пред натпреварот, моите фудбалери ќе ми се смееа или ќе повикаа доктор да провери дали сум болен".
"Не мислам дека сум феномен, но работев напорно за да му помогнам на тимот. Никогаш не сум плачел, секогаш сум работел напорно за да дојдам до резултат со моите фудбалери".
"Гледав шест натпревари на Рома пред финалето од Купот за да ги најдам нивните слаби точки, работев 18 саати пред компјутер бидејќи ми беа потребни по три саати анализа на натпревар".
"После тоа поминав уште часови во селектирање на делови кои ми беа потребни за натпреварот".
"Се разбира, многу полесно е да изберам филм и да им го пуштам пред натпреварот, но Раниери заборава дека неговите фудбалери се шампиони, не се деца".
"Никогаш не сум рекол дека сум феномен, но искрено не моја грешка што кога дојдов во Челзи во 2004 и прашав зошто го менуваат Раниери, тие ми рекоа дека сакале да освојат нешто и тоа никогаш не се случило со него. Тоа не е моја вина" - заврши Мурињо.
Powered by: 24 FUDBAL.com.mk