Saturday, 08 May 2010 20:08 Фудбал

Останато Според медиумите од Шпанија, играчот на Реал Мадрид, Гути е пред трансфер во редовите на Галатасарај

Marca објави дека ветеранот Гути вечерва ќе го одигра последниот на Сантијаго Бернабе во дресот на Реал Мадрид.

Играчот од средниот ред од поодамна најави дека планира да го напушти Реал Мадрид и во пресрет на дуелот помеѓу Реал Мадрид и Барселона на медиумите им призна дека дербито за него ќе биде последно Ел Класико.

Се верува дека следна дестинација на Гути ќе биде екипата на Галатасарај откако Франк Рајкард на управата на клубот му соопштил дека ангажманот на 33 годишниот фудбалер треба да биде еден од приоритетите ова лето.

Шпекулациите говорат дека клубот од Турција на Гути ќе му понуди богат двегодишен договор со цел да го привлечат Шпанецот и исто така се верува дека управата на Реал Мадрид нема да му прави проблеми на Гути и покрај тоа што играчот има договор и за следната сезона.

Гути во дресот на Реал Мадрид помина 15 годиони настапувајќи на 516 натпревари.

Тој со Кралевите успеа да освои три титули во Лигата на Шампионите, до сега има пет титули од Ла Лига односно импресивни 15 медали во дресот на Реал Мадрид.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...