Saturday, 26 November 2016 18:32 Фудбал

Англија | Ел Хаџи Диуф не сака да го закопа завојуваните секири со Стивен Џерард, па одново ја критикуваше легендата на Ливерпул во време кога сите му оддаваат признание...



Стивен Џерард вчера соопшти дека става крај на професионалсата фудбалска кариера, па на негова адреса пристигнаа голем број на пораки.

И додека сите му одадоа признание на Англичанецот, Ел Хаџи Диуф реши одново да ја искритикува легендата на Ливерпул.

На Емануел Пети не му се веруваше што слуша, па поранешниот играч на Арсенал и Челси му замери на Сенегалецот за дел од коментарите.

„Луѓето ми кажаа дека во Ливерпул има некои момци кои не можеш да ги допреш, но јас ги допрев. Затоа за мене беше комплицирано” – рече Диуф како гостин во емисија на СФР Спорт.

Запрашан од Пети дали зборува за Стивен Џерард, Диуф одговори: „Да”.

„Имав проблеми со Стивен Џерард и со Џејми Карагер”.

На напаѓачот потоа му беше прочитан дел од автобиографијата на Стивен Џерард во која легендата на Ливерпул го критикува Ел Хаџи Диуф.

„Ми се чинеше дека Диуф не беше премногу загрижен за фудбалот ниту пак за Ливерпул” – напиша Англичанецот.

На ова Камерунецот одговори: „Тој беше во право, јас не дојдов во Ливерпул да купам куќа и да живеам таму”.

„Имам куќа. Јас сум Африканец, горд Сенегалец”.

„Го напиша тоа бидејќи се плашеше од мене. Сите му се восхитуваа на Стивен Џерард, насекаде во Англија”.

„Кога јас пристигнав, му покажав дека е ништо, тој беше ништо”.

Пети потоа во неверица го прекина и го запраша: „Зборуваш за Стивен Џерард....”

„Да, го прашав да ми каже кое големо натпреварување го има освоено, Европско или Светско првенство” – продолжи Диуф.

„Нели во 2006 (годината е 2005) триумфираше во Лигата на Шампионите?” – пак се замеша Пети.

„Еве го доказот, дури ни ти не можеш да се сетиш” – одговори Ел Хаџи Диуф со насмевка на лицето.

„Ти зборуваш за Лигата на Шампиони, јас зборувам за Европско и Светско првенство”.

„Те почитувам тебе (Пети), го почитувам господинот Зидан бидејќи победивте на Светско првенство”.

Пети пак се замеша и му рече на Диуф: „Не можам да ти дозволам да зборуваш вака за Стивен Џерард, тој беше голем играч”.

Диуф потоа рече: „Видете, го почитувам играчот. Да, се работи за голем играч, но човекот не го почитувам”.

„Сакам на сите тоа да им го објаснам”.

„Не ми се допадна тоа што отиде да му се пожали на менаџерот за некои работи кои беа кажани, па имавме добра расправија”.

„Затоа не ме сака. Знае дека го кажувам она што го мислам”.

„Не можеше да ме погледне во очи, се плашеше да ме погледне во очи. Му беше страв да разговара со мене”

„Да не заборавиме, кога пристигнав во Ливерпул, јас не бев тој што побара дрес од него, тој побара мој дрес од Сенегал за да му го даде на некој пријател”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...