Saturday, 26 November 2016 18:28 Фудбал

Англија | Менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери се надева дека Џејми Варди во скоро време ќе стави крај на сушниот голгетрски пост во дресот на „Лисиците“...



Англичанецот минатата сезона беше еден од најопасните напаѓачи во Премиерлигата и постави нов рекорд постигнувајќи гол на 11 натпревари во низа.

Но Џејми Варди се мачи на стартот од оваа сезона, последниот гол за Лестер го постигна на 10. септември.

Откако на 14 натпревари по ред не ја затресе мрежата, минатата недела одново се запиша во листата на стрелците на пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Шпанија.

Па Клаудио Раниери сега очекува одново да го види оној стариот Џејми Варди од минатата сезона.

„Се рестартираше и мислам дека одново ќе почне да ги тресе противничките мрежи” – вели менаџерот на Лестер.

„Почна да дава голови и на тренинзите, и тоа е добро, бидејќи претходно и на тренинг не можеше да погоди”.

„Тој ќе се врати. Разговарам со него секој ден. Смирен е, сконцентриран на неговата работа да му помогне на тимот”.

„Неговата работа е важна, без разлика дали ќе постигне гол или нема”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...