ВИЦ

Разговараат Мујо и Хасо и Мујо вели:
- "Мислам дека коњите се попаметни од луѓето."
- "Зошто?"
- "Па ако ставиш десет коња на хиподром илјадници луѓе ќе дојдат да ги гледаат како се тркаат. А ако однесеш десет луѓе да се тркаат, ниеден коњ нема да дојде да ги гледа!"

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Thursday, 06 May 2010 03:23 Фудбал

Италија Интер го освои Купот на Италија! Нероазурите минимално со 1-0 ја победија Рома на Олимпико, Горан Пандев втор пат по ред го освојува овој трофеј!


Интер е победник во Купот на Италија, Нероазурите ја остварија првата од трите цели.

Со голот на Милито, Интер славеше 1-0 на Олимпико против Рома и заслужено се радуваше на освоениот трофеј.

Рома не успеа да ја искористи предноста на домашен терен и значително побројните фанови, имаше свои можности, но и не одигра доволно добро за да победи.

Бевме сведоци на типичен италијански натпревар, исполнет со провокации, груба игра и многу тензија на теренот.

Горан Пандев беше на клупата за резервни фудбалери, нашиот најдобар фудбалер сеуште недоволно опоравен од повредата не влезе во игра.

Снајдер иако беше под знак прашалник, сепак се појави како стартер, но неговиот настап траеше само пет минути, заработи повреда по удар на Бурдисо и беше заменет, на негово место влезе Балотели.

Во 9та минута по една одлична акција, Маикон се обиде да бие од страна, но Жулио Серџо не дозволи да биде изненаден.

Следната можност беше во 22та минута, Балотели биеше, неговиот удар беше одлично изблокиран од Бурдисо.

Веднаш потоа Рома се закани, брз контра напад, Вучиниќ се обиде да го проигра Тадеи, но пред него одлична интервенција на Жулио Цезар.

Во 39та минута одличен погодок на Диего Милито, за водство на Интер од 1-0, гол кој се покажа како клучен на натпреварот.

Франческо Тоти влезе во игра во вториот дел и внесе живост во играта на Рома.

Во 54та минута Тоти биеше силно од слободен удар, Цезар одбрани, топката дојде до Хуан кој не реализираше во празниот гол, топката заврши над пречката.

Интер одлично играше во средината од теренот, не дозволувајќи и на Рома да креира шанси за гол.

На десет минути пред крајот супер шут на Рисе од далечина, но и одлична интервенција на Цезар.

Две минути подоцна одлична шанса и за Вучиниќ, бие крај голот на Интер.

Во 87та минута црвен кратон за Тоти, капитенот на Рома, насилнички, намерно го удри Балотели, неверојатно лош потег, би требало да се соочи со висока казна.

Интер рутинирано го приведе натпреварот до крајот и заслужено се радуваше на победата.

Горан Пандев втора сезона по ред го освојува Купот на Италија, лани со Лацио, оваа година со Интер.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...