Tuesday, 08 November 2016 11:18 Фудбал

Англија | Поранешниот фудбалер на Лестер со нов предизвик, Гери Линекер вети дека гол ќе ја води емисијата „Натпревар на денот“ доколку „Лисиците“ и оваа сезона стигнат до шампионската титула...



Минатата година легендарниот англиски напаѓач немаше многу верба во избраниците на Клаудио Раниери, па вети дека по долна облека ќе се појави во етер доколку „Лисиците“ станат шампион.

Неговиот Лестер направи чудо, имаше магична сезона и ги шокираше големите клубови од Англија.

Гери Линекер остана достоен на дадениот збор, па во август, по долна облека беше домаќин на „Натпревар на денот“ на БиБиСи.

Тој сега си дадe нов предизвик, вети дека гол ќе се појави пред ТВ камерите доколку Лестер ја одбрани титулата.

„Доколку Лестер ја одбрани титулата, првата емисија од „Натпревар на денот“ следната сезона ќе ја водам гол, ќе стојам на глава а Ширер и Рајт ќе ме удираат со стапови” – напиша поранешниот играч на „Лисиците“ на Твитер.

Но Гери Линекер не треба да стравува премногу судејќи според сегашната форма и ситуација на табелата. Лестер игра под очекувањата а големите клубови се импресивни, особено Ливерпул и Челси.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...