Thursday, 03 November 2016 11:42 Фудбал

Галерија | Борусија Дортмунд го суспендираше Обамејанг и тој не беше дел од синоќешниот меч против Спортинг Лисабон во рамките од Лигата на шампионите...



Суспензијата била по барање на тренерот Томас Тухел, но ниту тој ниту претседателот Јоаким Вацке не ги открија причините.

„Можам да кажам само дека Обамејанг е суспендиран, причините нема да го кажеме во јавноста. Одлуката е на тренерот, а ние ја почитуваме. Прашувајте колку сакате, одговор нема да добиете, може само да шпекулирате“ - изјави Вацке.

Тренерот Тухел беше поконкретен па рече дека суспензијата нема да биде долга.

„Тешко беше без него, но немав друг избор. На следниот меч ќе се врати, причините се интерни, не ги слушајте шпекулациите“ - изјави Тухел.

Во меѓувреме германските медиуми се обидуваат да откријат зошто Борусија Дортмунд го суспендираше Обамејанг.

Весникот Билд има две теории. Првата е дека фудбалерот си играл на телефон за време на тимски состанок со што покажал недисциплина и непочитување.

Втората теорија е дека напаѓачот во вторникот наутро бил во Милано. Фудбалерите во понеделникот добиле слободен ден, клупските правила на Дортмунд велат дека играчите мора да бидат во Германија во текот на целиот ден доколку следниот играат натпревар, а Обамејанг не го испочитувал тоа.

Обамејанг од трибините го следеше синоќешниот меч помеѓу Борусија Дортмунд и Спортинг Лисабон, се очекува да биде во комбинација веќе за следниот дуел.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...