Thursday, 03 November 2016 11:40 Фудбал

Англија | Стратегот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо објасни зошто ја променил одлуката и го врати Швајнштајгер на тренинзите со првиот тим...



Германецот не се вклопуваше во плановите на „Специјалниот“, па фудбалерот беше испратен да тренира со резервниот тим.

И покрај тоа што најави дека е многу тешко да му даде шанса на Бастијан Швајнштајгер, Жозе Мурињо сепак попушти и играчот во понеделникот за прв пат оваа сезона тренираше со првиот тим на „Црвените Ѓаволи“.

„Швајнштајгер се врати” – рече менаџерот на Манчестер јунајтед на прес конференцијата во пресрет на дуелот со Фенербахче во Лига Европа.

„Минатиот четврток ја донесовме одлуката. Во петокот му се јавивме и му кажавме дека во понеделник треба да дојде на тренинг”.

„Бастијан се однесуваше професионално, работеше напорно секој ден со фитнес тренерот, па мислам дека е човечки и професионално да го вратиме во тимот”.

Но и покрај тоа што популарниот Швајни се врати на тренинзите, Жозе Мурињо сугерира дека играчот е далеку од настап.

„Ќе бидеме подобро подготвени доколку одлучи да замине. Доколку остане, ќе имаме опција плус. Во моментов немаме проблеми во средниот ред како што имаме проблеми во одбраната. Но, доколку имаме проблеми во средниот ред, тој ќе биде опција за нас”.

„Оваа одлука може да биде позитивна за групата”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...