Friday, 30 April 2010 13:49 Фудбал

Италија Плејмејкерот на Интер, Весли Снајдер упати пофални зборови кон Жозе Мурињо велејќи дека Португалецот е одличен тренер но пред се одлична личност

Холандскиот интернационалец минатото лето се пресели на Џузепе Меаца откако неговите услуги во Реал Мадрид станаа непотребни.

Тој веднаш се инсталираше како еден од клучните играчи на Жозе Мурињо и Интер, Снајдер ужива во својата најдобар сезона.

Во интервју за De Telegraaf плејмејкерот упатува пофални зборови на адреса на ’Специјалниот’ и вели дека Жозе е одличен тренер и одлична личност.

“За оние од надвор, Жозе може да биде ’незгоден’ но оние што го знаат добро занаат дека се работи за одлична личност и одличен тренер.”

“Не е случајно тоа што ние правиме се и го даваме максимумот за него.”

За начинот на кој Мурињо ја прослави елиминацијата на Барселона, Снајдер рече: “Покрај сите пораки што беа испратени во текот на неделата, гледачите не знаат што ни се случуваше на нас откако пристигнавме во Барселона.”

“По последниот свиреж на судијата, тој само одговори на сите провокации што се случија.”

“Но тој исто така беше среќен за тимот, кој се мачеше 60 минути со фудбалер помалку.”

“Тоа беа чисти емоции.”

“Малку тимови ја имаат елиминирано Барселона а ние го сторивме тоа со 10 фудбалери.”

Во финалето Снајдер ќе се сретне со својот сонародник и согирач од Реал Мадрид, Аријен Робен, кој исто така го напушти Сантијаго Бернабе минатото лето.

“Никогаш не помислувавме со Аријен дека ќе можеме да играме во финале од Лигата на Шампионите во иста сезона но со два различни клуба.”

“Навистина е одлично што тоа се случи.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...