Monday, 10 October 2016 10:07 Фудбал

СП 2018 | Критичарите ја прелија чашата, Жерард Пике соопшти дека се повлекува од „Црвената Фурија“ по Светското првенство во 2018...



Поради неговите про-Каталонски ставови и заложба за независност, играчот на Барселона добива свирежи на голем број стадиони ширум Шпанија.

На вчерашниот дуел против Албанија, Жерард Пике одново се најде на мета на критичарите и беше обвинет дека намерно со ножици ги исекол ракавите на дресот за на него да ги нема боитена на знамето на Шпанија.

Па по дуелот во Скадар, Жерард Пике реши дека критичарите ја преминале границата и соопшти дека ја напушта репрезентацијата.

„Повеќе не можам да го издржам ова. Денешните обвинувања за ракавите ја прелија чашата“ – вели Жерард Пике.

„Придонесоа да ја загубам возбудата од играњето за репрезентацијата, па по мундијалот во Русија ќе се повлечам и покрај тоа што ќе имам само 31 година“.

„Секогаш сум го давал максимумот на теренот, но има луѓе кои мислат дека ќе биде подобро доколку ме нема“.

Од Фудбалската Федерација на Шпанија веднаш застанаа во одбрана на Пике и посочија дека дефанзивецот е погрешно обвинет.

На дресовите со долги ракави ги нема боите на знамето на Шпанија, тие се само бели.

Деталот од знамето го има само на дресовите со кратки ракави.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...