Thursday, 06 October 2016 09:58 Фудбал

Македонија | Денеска во просториите на Македонија беше промовиран новиот дрес на фудбалските селекции, ФФМ и „Јако“ ја продолжуваат соработката...



Македонските фудбалски селекции имаат нов дизајн на дресови од германскиот бренд на спортска опрема „Јако“ кој ја продолжи соработката со ФФМ.

„Распространетото златно сонце со осум сончеви краци е национален симбол во повеќевековната историја на Македонија и претставува спокој, храброст и сила на сите Македонци. Инспирирани од знамето кое се виори на ветрот, дизајнерот го поставува „сонцето“ малку брановите“ - го објаснија новиот дизајн од ФФМ кој го изработи Рахила Илиев.

„Би сакале да се заблагодариме за досегашната соработка со германската компанија ЈАКО. На почетокот на квалификацискиот циклус за Светското Првенство во Русија во знак на продолжување на соработката во следниот период, подготвивме нов дизајн на репрезентативните дресови. Дизајнот беше подготвен од страна на дизајнерот на Фудбалската Федерација на Македонија, Рахила Илиев, и би сакал да ѝ се заблагодарам за успешно подготвениот дизајн. Искрено се надевам дека новите дресови ќе ѝ донесат радост на Македонија и дека ќе им донесат среќа и мотив повеќе на играчите - истакна претседателот на Фудбалска Федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски.

На презентацијата беше и висок претставник на „Јако“, Ханс Веркле кој изрази задоволство од соработката со ФФМ.

„Ми претставува задоволство да го најавам новиот циклус на соработка со Фудбалска Федерација на Македонија. Кога бев во Скопје пред неколку месеци, моите соработници од ФФМ ми најавија дека новиот циклус на квалификации сакаат да го играат во дрес со персонализиран дизајн, кој самите го имаат подготвено. При изработката на прототипот кој ни го испрати Рахила Илиев и самите се уверивме дека станува збор за прекрасен дрес, кој го изработивме од врвен материјал со цел на играчите да им се обезбеди максимален комфор. Им посакувам многу успех со новите дресови на македонските репрезентации - порача високиот претставник на ЈАКО, Ханс Веркле.

Новите дресови за прв пат ги облекоа Богатинов и Ѓорѓев од А репрезентацијата и Маркоски и Алексовски од репрезентацијата до 21 година.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...