Saturday, 01 October 2016 18:31 Фудбал
Италија | Мино Рајола вели дека тешкото детство е причина за проблематичното однесување на Марио Балотели и додава дека Италијанецот ќе освоел пет „Златни Топки“ доколку го имал менталитетот на Златан Ибрахимовиќ...



Напаѓачот никогаш не го достигна својот потенцијал, и откако не успеа во неколку големи клубови, сега во Ница ќе се обиде да си ја врати кариерата на прав пат.

„Марио е феноменален” – вели неговиот агент, Мино Рајола. „Но сепак тој е Балотели”.

„Имал доволно среќа што бил посвоен од две одлични личности, но градот е тежок за живеење, да бидеме реални, има многу расисти”.

„Како дете има доста патено, и отсекогаш е таков во главата. Доколку го имаше менталитетот на Златан Ибрахимовиќ, ќе освоеше пет „Златни Топки“”.

„Марио е луд, но му простувам за се бидејќи има добра душа”.

„Еднаш побара да го позајми моето Бентли. Му кажав дека ќе размислам доколку даде два гола против Марсеј”.

„Неколку дена подоцна ми се јави и чаламџиски ми кажа дека постигнал два гола и ги побара клучевите, па му ги дадов”.

„При еден маневар, возејќи наназад го удрил во столбче”.

„Му простив, не можам да му се налутам”.

„Ви гарантирам дека се уште може да стане шампион. Година ипол фудбалот е центарот на неговиот живот, се промени откако доби ќерка”.

„Пија е иста како Балотели – фина, ама луда!”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...