Saturday, 10 September 2016 19:01 Фудбал

Шпанија | Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не ја разбира казната што им ја изрече ФИФА и забраната за регистрирање на нови играчи, се надева дека Судот за спортска арбитража ќе има повеќе разбирање...



Светската куќа на фудбалот вчера ја одби жалбата на „Кралевите“ и ја потврди забраната за регистрирање нови играчи во следните два трансфер периоди.

Реал Мадрид ја доби оваа казна поради прекршување на правилата на ФИФА за ангажман на малолетни играчи.

На листата со фудбалери чии трансфери се неправилни се и четворицата синови на Зинедин Зидан, па тренерот на Реал Мадрид вели дека сето ова е апсурдно.

„Не ја разбира казната” – вели Французинот.

„Можам да говорам за моите деца. Цел живот живеат тука, тука се родени па апсурдно е што не можат да играат фудбал”.

„Вознемирен сум. Но ајде да почекаме и да видиме што ќе се случи со жалбата до Судот за спортска арбитража. Се надевам дека тие ќе имаат повеќе разбирање”.

Запрашан дали Реал Мадрид ќе има проблеми поради тоа што нема да може да го засили составот до 2018, Зидан вели: „Мислам дека нема да имаме”.

„Среќен сум со тимот што го имам. Имаме доволно широк состав”.

„Без проблем можеме да играме две или три години”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...