Monday, 19 April 2010 18:37 Фудбал

Лига на Шампиони Жозе Мурињо вели дека Барса е истиот тим од ноември но Интер е многу психички подобар од претходниот дуел па затоа верува дека тие имаат 50% шанси за плсман во следната фаза


’Специјалниот’ на денешната прес-конференција исто така не сакаше да го окарактеризира дуелот Интер-Барселона, како финале пред финалето.

“Утрешниот дуел не е финале пред финалето.” – рече Мурињо. “Лион и Баерн заслужуваат почит, стигнаа до оваа позиција на истиот начин како и ние.”

“Сите тимови имаат 25% шанса да го освојат трофејот. Лион е за прв пат во полу-финалето но ги поминаа Реал и Бордо. Мислам дека Баерн има еден од најдобрите стратези во светот и богата историја со трофеи. Имам почит кон другите и не можам да кажам дека дуелот Интер-Барса е како финале пред финалето.”

Во нок-аут фазата Интер по трет пат првиот натпревар го игра на домашен терен.

“Со мене секогаш тоа е така, така беше и кога ја освоив Лигата на Шампионите, така е и сега. Патот никогаш не е лесен и очигледно е дека потешко е кога првиот натпрвар се игра дома.”

“Што мислам за утрешниот дуел? Дали Меси е незапирлив? Ќе видиме како ќе играме утре. Но во секој случај не можеме да мислиме само на Меси.”

“Меси не играше на првиот натпревар а Барса сепак победи и имаше капацитет да одговори на предизвикот.”

“Сите велат дека тие се фаворити и јас го прифаќам тоа но мислам дека шансите за пласман во финалето се 50-50.”

“Во фазата по групи, на првиот натпревар против Барса одигравме добро, натпреварот беше изедначен. Не обрнувам многу внимание на поседот бидејќи тој не ми значи многу на мене.”

“Но во Барселона бевме изгубени во првите 20 минути. Тоа е натпреварот што треба да го проанализирам и да разберам зошто, да се подобриме и да не ја повториме грешката.”

“Во споредба со ноември ние сме тактички покомпактна екипа со поразличен менталитет.”

“Дали Барса е најдобриот тим во светот? Ќе видиме. Најдобар е оној што ги освојува најважните трофеи во светот. Тие ги освоија минатата година и ќе видиме дали ќе го сторат тоа и оваа година.”

Барса до Милано патуваше со автобус па патот од 1000 километри може да влијае врз фитнесот на играчите.

“Не знам дали долгото патување може да се одрази врз подготвеноста. Доколку истото ми се случеше мене ќе се обидев да го трансформирам во мотивација. Но не треба да правиме драма од сето тоа.”

“Секако дека е многу подобро да се патува со авион но Беркамп и Марига преферираат автобус.”

“Како е Интер? Како и 99% од тимовите во Европа. Физички се чувствуваме како тим што одиграл 70 натпревари а не 40. Истото важи и за останатите полу-финалисти.”

“Како би ја оценил сезоната до овој момент?”

“Би кажал дека таа е спектакуларна но треба да почекаме до крајот за да видиме дали ќе бидеме задоволни. До последната минута ќе се обидеме да се бориме за сите три трофеи.”

“Можеме да стигнеме до три титули но може да останеме и без титула, разликата помеѓу три тиули и нула титули е многу мала.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...