Monday, 13 June 2016 11:30 Фудбал

Јужна Америка | По елиминацијата од Копа Америка, селекторот на Бразил, Дунга го впери прстот кон судиите и нивната скандалозна одлука да признаат гол постигнат со рака...



„Кариоките“ неславно го завршија настапот уште во групната фаза откако утрово загубија со 1-0 во дуелот со Перу во контроверзен натпревар.

Голот на Раул Руидиаз требаше да биде поништен откако играчот се послужи со раката за да ја затресе мрежата на Бразил.

Но судиите по долга дебата решија да го признаат погодокот, одлука која го налути Дунга.

„Натпреварот требаше да заврши 0-0. Играњето со рака беше чисто” – вели селекторот на Бразил. „Мислам дека асистентот го забележа тоа и затоа не истрча кон средината на игралиштето”.

„Со сета технологија, со толку многу камери, збунет сум како судиите направија волку голема грешка”.

„Се консултираа... разговараа со не знам кого бидејќи мислам дека треба да разговараат меѓу себе, не треба да комуницираат преку радио, микрофони...”

„Зачуден сум од тоа со кого се консултираа и за што точно се консултираа. Сето ова ми е чудно”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...