Saturday, 04 June 2016 17:58 Фудбал

Македонија | Натпреварот завршил 1:1, домаќините се фалат ќе го земат службено, а во записник некој го регистрира 3:0 ама со стрелци...



Фативме на дело лошо наместен натпревар во Општинската лига на Кичево. Имено, екипата на Ѕиѕа ја пречекала екипата на Ускана на 26-ти мај на „Градскиот“ стадион во Кичево, но „фаворитот“ не успеал да победи бидејќи натпреварот завршил 1:1.

Сепак, домаќинот на својот официјален фејсбук профил се пофалил дека ќе го добие натпреварот со службени 3:0 бидејќи во гостинскиот тим имало играчи кои настапувале под туѓ идентитет (ова не можеме да го потврдиме дали е точно или не).



И гостинската екипа го објавува резултатот на својот официјален фејсбук профил притоа откривајќи го и името на стрелецот на нивниот гол, Ален Ахмеди.



Потоа на сцена стапува некој лик кој во КОМЕТ системот на ФФМ натпреварот го регистрира со 3:0 за Ѕиѕа, што на прв поглед делува дека е навистина службено добиен натпреварот, но не пишува така туку стои дека всушност така завршил.



За комедијата да биде уште поголема внесол дека Ѕиѕа на полувреме водела 1:0, а во второ постигнала уште два гола за конечни 3:0. Притоа во забелешка напишал и дека натпреварот се одиграл „по пропис на ФФМ“.



Но, тоа не е сè! Има и стрелци на фантомските голови! Арбен Мехмеди во 40. минута го отворил резултатот, а потоа во листата на стрелци на два пати се запишал Флорим Љутфију во 55. и 67. минута. Кај гостинската екипа голот на Ален Мехмеди, кој и двете екипи го потврдија јавно, не е регистриран.



Апелираме до ФФМ, иако се работи за општинска лига, да го истражи случајот и да ги казни виновниците за оваа очигледна местенка бидејќи во иднина некој од овие ликови може да се најде и во некоја од погорните лиги.

Во општинските лиги скоро секое коло има огромни местенки, но овие ликови очигледно се тотални аматери во тој свет што дозволиле нивната местенка да биде видлива за сите. Годинава е прва сезона на новововедената Општинска лига на Кичево.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...