Wednesday, 01 June 2016 11:17 Фудбал

Италија | И дефинитивно ќе се остварат гласините кои велеа дека кинези го купуваат Интер, новиот сопственик ќе биде групацијата Санинг која најверојатно ќе стане апсолутен сопственик на клубот...



Според „Газета дело Спорт“, Тохир ќе им ги продаде сите свои акции на кинезите, не само 20% како што првично се пишуваше.

Тохир ги продава своите 70% од клубот по значително повисока сума од онаа по која ги купи во ноември. Тогаш плати 250 милиони евра, а сега својот дел го продава за 500 милиони евра.

Информациите велат дека кинезите ќе ги купат и акциите од Морати и ќе станат комплетни сопственици на клубот. Поранешниот претседател контролира 29,5 проценти од акциите. Тој може да им ги продаде директно на кинезите или да ја искористи клаузулата од договорот со Тохир, прво да му ги продаде нему, па тој да им ги препродаде на новите сопственици.

Причината за продажба е тоа што Тохир не успеа од Интер да направи профитабилен клуб, напротив италијанскиот гигант продолжи да губи пари.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...