Friday, 16 April 2010 13:54 Фудбал

Италија Адриано Галијани вели дека сопственикот Силвио Берлускони сака Леонардо да остане во Милан и додава дека тој ќе го убеди стратегот во продолжување со работата на Сан Сиро

Медиумите од Италија шпекулираат дека Леонардо по крајот на сезоната ќе го напушти Милан откако стратегот станал премногу иритиран од се почестите критики што сопственикот Силвио Берлускони го упатува кон него и кон тимот.

Леонардо има уште една година од договорот со Росоњерите но и покрај тоа тој силно се поврзува со селекцијата на Бразил а исто така се шпекулира дека и Милан се подготвува за заминувањето на стратегот.

Сепак Адриано Галијани вели дека критиките што ги упатува Берлускони не се злонамерни и сопственикот на Милан сака Леонардо да остане во клубот.

Потпретседателот на Росоњерите исто така е прилично убеден дека тој ќе го убеди Бразилецот да биде тренер на клубот и следната сезона.

“Критиките на Берлускони не се злонамерни.” – рече Галијани за La Gazzetta dello Sport.

“Немате престава колку пати Леонардо и Берлускони се имаат сретнато и имаат разменето мислења. Милан е како фамилија. И Берлускони и Лео се забавуваат.”

“Леонардо воопшто немаше намера да биде тренер на Милан. Но јас го убедив минатата година тој да го превземе кормилото.”

“И јас ќе го убедам да остане тука и слената година без разлика на двегодишниот договор. Мислам дека ќе успеам во тоа.”

“Исто така и Берлускони сака Леонардо да остане со нас, морате да ми верувате...”

Галијани исто така не ја отфрла можноста во иднина легендата на клубот Паоло Малдини да се врати во Милан но како дел од управата.

“Односите со Паоло се одлични. Размислуваме. Но се ќе биде одлучено во право време.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...