Thursday, 15 April 2010 11:29 Фудбал

Италија Агентот на Един Џеко, Ирфан Реџепагиќ вели дека немал контакт со Јувентус или пак со некој друг клуб од Италија

Интернационалецот од БиХ е на мета на голем број клубови и се шпекулира дека ова лето тој ќе го напушти Волфзбург.

Екипата на Јувентус е последниот тим што се поврзува со ангажман на Един Џеко и се шпекулира дека Старата Дама планира напаѓачот на Волфзбург да биде замена за Давид Трезеге.

Весниците велеа дека Џеко ќе биде еден од приоритетите за Бјанконерите а со ваквиот трансфер дури се сложува и Рафа Бенитез, кој е главен кандидат за превземање на кормилото на Јувентус по крајот на сезоната.

Сепак агентот на Един Џеко, Ирфан Реџепагиќ вели дека никој од Јувентус или пак било кој друг клуб од Италија не бил во контакт со него.

“Не сум бил во контакт со клубови од Италија и во моментов не сум запознаен со интерес на некој клуб од Италија за мојот клиент.” – рече Реџепагиќ.

“Минатата година имаше одреден контакт со Милан но ништо конкретно.”

“Дали тој ќе ја напушти Бундеслигата? Тоа е тешко прашање. Во моментов Един се фокусира само на Волфзбург но во фудбалот се е можно.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...