Saturday, 30 April 2016 06:05 Фудбал

Италија | Фудбалскиот тим од истоимениот грда го освои потребниот бод против Модена и за прв пат во својата историја избори пласман во најквалитетната италијанска лига...



Градот Кротоне е на нозе! Фудбалскио тим од овој град кој брои нешто повеќе од 60 илјади жители конечно избори пласман во Серија А. Во својата 106-годишна историја Кротоне најчесто бил третолигаш, категорија во која минал дури 31 сезона. Но, оваа натпреварувачка 2015/16 во Серија Б ќе ја памети засекогаш бидејќи на три кола до крајот популарните „питагоричи“ обезбедија пласман во Серија А.

Во петокот вечер на Кротоне сè што му требаше беше само еден единствен бод на гостувањето кај Модена за и математички да си го завери пласманот во Серија А. Нешто што и тоа како го заслужи бидејќи скоро цела сезона беше на врвот, менувајќи си го првото и второто место со Каљари.

Уште во 17. минута Давиде Лупи ја доведе Модена во водство, најавувајќи значајна победа во борбата за опстанокот. Сепак, златниот гол за Кротоне дојде во 44. минута кога Рафаеле Паладино успешно реализираше пенал. Интересно, Паладино последен пат играше во Серија Б за Јувентус во сезоната 2006/07.

Плоштадот Питагора во овој калабриски град беше претесен да ги прими сите оние кои сакаа да го следат на видеобим натпреварот со Модена кој се покажа како историски. Ноќта е долга во Кротоне, се слави низ градските улици.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...