Friday, 22 April 2016 13:23 Фудбал

Македонија | Откако синоќа ги елиминираа своите полуфинални ривали Работнички и Ренова, Вардар и Академија Пандев ќе ги вкрстат копјата во финалето од Купот на Македонија во младинска категорија...



Вардар имаше предност од 4:3 по првиот натпревар против Работнички, а вчера нивниот реванш заврши без голови, резултат со кој младите вардарци (фото) се најдоа во финалето. Работнички имаше пенал за финале во 81. минута, но голманот Филип Трајчевски успешно го одбрани.

Академија Пандев тесно со 2:1 ја совлада Ренова во првиот натпревар, но на реваншот на гости во Тетово кај младите „гипсари“ фуриозно со 3:0 се проби во финалето. Два гола постигна Александар Мишов (37. и 74. минута), додека третиот беше дело на замената Андон Шилинов во 86. минута.

Во финалето Академија Пандев ќе биде ослабена со отсуството на младинскиот репрезентативец Валентин Кочоски кој доби црвен картон откако собра два жолти. И кај Вардар поради црвен финалето ќе го пропушти Стефан Тасески.

Финалето ќе се игра на 19. мај во Скопје.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...